ЕП РЕЗИМЕ: „Локомотивите“ Гитсел и Германија, лисецот Дагур и македонската гордост

Данска го потврди статусот, Германија системот, Хрватска со Дагур го извади максимумот, а Македонија е таму каде што треба да биде, со задача да опстане, да се модифицира и да се надгради. За општо добро. Нема ништо гнило во државата Данска. Барем во однос на нивната национална гордост, ракометот. Земјата која успеа да го победи […]

Веруваме во процесот, повторно ќе (из)грее сонце над ракометна Македонија

За играта на нашата селекција, за лицето кое го видовме и опачината која ја почувствувавме Синоќа заврши првиот круг од ЕП во ракомет, кое овој јануари се организира во Данска, Шведска и Норвешка. Многу често, ова е период од првенството, после кое едни се пакуваат и сумираат впечатоци, а други, веќе со „добра телесна температура“ […]

Меѓу рациото и желбите: каде е ракометна Македонија и кој може да ја сопре „големата“ Данска? (втор дел)

Македонија мора да направи исчекор, но и да биде свесна за сопствената сила Ракометна Македонија по 9-ти пат ќе партиципира на едно европско првенство. Машкиот национален тим, во друштво на 24 селекции, на крилјата на (не)реално високите амбиции на јавноста од една страна, и убава доза резервираност од страна на стручниот штаб на селекцијата на […]

Меѓу рациото и желбите: каде е ракометна Македонија и кој може да ја сопре „големата“ Данска? (прв дел)

Данска е неприкосновена, Шведска како ко домаќин и поволна ждрепка е веќе во полуфиналето. Кои се останатите 7-8 селекции, конкуренти за пресостанатите две места во полуфиналето? Јануари. Месец на празниците, на храната, на семејството. Но и месец на пост празнична депресија и она најважното, барем за мене и слични на мене, месец на ракометот. Оној […]

Спектакл и мизерија – ракометен викенд пред преполни трибини

Она што мене ме радува, или ме растажува, е „ролетната“ на Галец, зрелоста на Самоил, макар и споредната улога или принудна минутажа на Стојановски во дресот на „двократниот“, развојот на Стојковиќ, формата на Ѓоргиев, враќањето на Марко Митев, но и „заковувањето“ за клупата на близнаците Атанасиевиќ. Македонските ракометари, особено младите, секогаш ќе ја имаат мојата […]

Никој како Неговото Величество – РАКОМЕТОТ!

За крај, повторно Охрид. Веќе на првиот натпревар обезбеди пласман во следната рунда од поранешниот Челинџ куп, а начинот на кој тоа го направи дава надеж дека Македонија повторно ќе има свој претставник во полуфинале или финале на едно европско натпреварување. Може некој друг колективен спорт да се пофали со таков успех??? Каква недела! Ракометот […]

Два концепта, две визии, едно дерби со многу пораки и еден „победник“

Разочаран од напредокот и развојот на некои свои пулени кои многу ветуваа(т), Алкалоид се наоѓа пред нова одлука, дали ќе продолжи по истиот пат, трпеливо чекајќи ги Марко, Тино и Даме или ќе посегне по засилувања од странство, како Малус, Хорига или Јанкоски или подобри од нив, за да остане конкурентен во битката за титулата? […]

Дерби на екстреми – спорт и сенки во македонскиот ракомет

Големото македонско и балканско ракометно дерби донесе неизвесност, квалитет и ривалитет на теренот… но и инциденти надвор од него. Вардар го доби натпреварот, но клубовите и публиката имаат важна порака: спортот е за навивачите, за атмосферата, за полни сали, а не само за трофеи. Поминаа десетина дена од моето последно „излегување во јавност“ и нешто […]

„Двократниот“ најавува подем, Автокоманда бара излез, Битола во поход до нов европски подвиг

Во таква ситуација, повторно, домашниот тренер, требаше да најде начин да го принуди противникот да игра побрзо, особено кога истиот тој е во напад, а не да остави Фитиљ, Тајник, Пеше, па и Хосни, на искуство, да „се влечат“ и да доаѓаат до посакувана позиција за погодок. Со агресивна зона, за која можеби нема доволно […]

Ако по утрото денот се познава – оваа сезона ќе биде спектакл

Пелистер налик Черваров Металург, во Битола мириса на четвртфинале Ако по утрото денот се познава, тогаш најавата, во две насоки (квалитетна и неизвесна супер лига и силни македонски екипи во Европа), за оваа сезона  била на место и оправдана. Средата донесе многу неизвесност и поделба на бодовите во Автокоманда и голема радост по премиерната победа […]