Бараме форми и практики, како ракометот да биде дефинитивно спорт број 1 во Македонија!

Со години една реченица изговорена од голем број ракометни па и неракометни личности делува дека се престори во флоскула. Дали навистина Ракометот е спорт број 1 во Македонија? Кои се причините за тоа, зошто сметаме дека е така, а во реалноста работите се драматично поинакви. Зошто немаме доволен број деца кои тренираат ракомет, зошто немаме […]

ЕП РЕЗИМЕ: „Локомотивите“ Гитсел и Германија, лисецот Дагур и македонската гордост

Данска го потврди статусот, Германија системот, Хрватска со Дагур го извади максимумот, а Македонија е таму каде што треба да биде, со задача да опстане, да се модифицира и да се надгради. За општо добро. Нема ништо гнило во државата Данска. Барем во однос на нивната национална гордост, ракометот. Земјата која успеа да го победи […]

Исланд е „здрав“, Данска е моќна, Германија и Хрватска се исти, ама не се исти

Два или три автобуси и цел македонски ракомет, од тренери, преку ракометни работници, па сè до луѓе од националната федерација и ресорните министерства, во „дежелата“, на скратен курс или малку подолго студирање и скенирање на состојбата.Па препиши, мајка му стара! Заврши втората фаза од, можеме слободно да кажеме, досега најквалитетното Европско првенство во ракомет, барем […]

ЕП со безброј непознати. Врвен ракомет. Многу магија и уживање

Волкот и „тешката артилерија“, Гитсел и компанија или Мем и најдобриот пар пивоти во светот на ракометот ИЛИ Шведска со Клар + Готфирсон, присутни  и фокусирани, Хрватска тактички добро поставена, Исланд и нивниот „Магдебург ракомет“ или Словенија на Д-р Блаж Јанц? Хрватска и Швајцарија, синоќа, „го затворија“ единаесеттиот ден на актуелното Европско првенство во Скандинавија, […]

Меѓу рациото и желбите: каде е ракометна Македонија и кој може да ја сопре „големата“ Данска? (втор дел)

Македонија мора да направи исчекор, но и да биде свесна за сопствената сила Ракометна Македонија по 9-ти пат ќе партиципира на едно европско првенство. Машкиот национален тим, во друштво на 24 селекции, на крилјата на (не)реално високите амбиции на јавноста од една страна, и убава доза резервираност од страна на стручниот штаб на селекцијата на […]

ДА ЖИВЕЕ КРАЛОТ!

Фото РФМ Македонската ракометна федерација го продолжи договорот со крунисаниот крал на ракометот, за наша голема среќа, Македонски крал, Кирил Лазаров, селекторот на Македонската ракометна машка репрезентација, до 2029 та година. Стратешки потег за кој симнувам шапка. Само со долгорочни и визионерски потези можни се успеси. Веднаш пред очите ми е оној Бено, човекот кој […]

45 години партнерство, Пивара и РФМ

Фото СамоРакомет Со години бројот 45, ме асоцираше на крајот на втората светска војна, но секако, ми будеше чувство на олеснување и триумф. Денес имав прилика да присуствувам на одбележување на една сериозна годишнина. Впрочем, не можев да помислам, а моментот го одбележа и Филип Миркуловски во своето излагање, дека постои такво партнерство кое трае. […]

Меѓу криза и катарза – Пелистер си направи „мечкина услуга“ или се врати „во живот“?

Битола повторно е во ракометен транс. А според коментарите кои ги читаме и слушаме на социјалните мрежи – „Пелистер е повторно шампион“! Се врати насмевката на лицето на Чкембарите, што би рекол капитенот на домаќинот. Полна сала, како потврда на фактот дека ракометот е единствено „жив“ во државата, публика, која, како и на избори, во […]

Спектакл и мизерија – ракометен викенд пред преполни трибини

Она што мене ме радува, или ме растажува, е „ролетната“ на Галец, зрелоста на Самоил, макар и споредната улога или принудна минутажа на Стојановски во дресот на „двократниот“, развојот на Стојковиќ, формата на Ѓоргиев, враќањето на Марко Митев, но и „заковувањето“ за клупата на близнаците Атанасиевиќ. Македонските ракометари, особено младите, секогаш ќе ја имаат мојата […]

Индира Кастратовиќ, влезот во Куќата на Славните, круна на кариерата! САМО РАКОМЕТ С5Е4

Со Индира да се разговара за ракомет е вистинско задоволство. Кометал, лига на шампиони, репрезентација, светско, Трифун, Лекиќ, но и за актуелните состојби со македонскиот женски ракомет. Странци и натурализирање, инвестирање во младите и процесот на создавање на играчи. Уживајте…