Главоболки за Лазаров или не ?

Фото РК Алкалоид Од дуелот во кој на сите ни беше совршено јасно дека шансите се теоретски, сепак можеме да влечеме заклучоци и поуки. Почнувам со ЕХФ. Тие дилетанти никако да се освестат. Статистиката која денеска е една од клучните алатки за правење приказни за нив сеуште е мислена именка. Па така на пример ние […]
Дали Aлкалоид може да изненади?

Фото Рк Алаклоид Во Скопје Фармацевтите го пречекуваат Данскиот хибрид, Бјерингбро Силкеборг. Данскиот клуб е основан во 2005 та година, со спојување на два клуба од истоимените градови. Тоа за нив не беше никаков хендикеп бидејќи во својата кратка историја остварија сериозни успеси. Интересно е, иако не е новост, градовите кои стојат зад клубот се […]
Николов и Начевски, потребнa е институционална поддршка за судиите

Веќе стана традиција ! Најдобрите Светски ракометни судии, наши гости. Со Славе и Џоле за актуелните состојби во Македонскиот клубски и репрезентативен ракомет, за ЕХФ, за развојот на играта и правилата. Како Македонија да го задржи високото ниво на создавање квалитетни судии. Погледнете …
8 причини зошто Ангеловски може да биде добро решение за Пелистер!

Фото РК Мултиесенс Прво, затоа што сме добри пријатели. Во светот на конекции и познанства, одамна е лицемерно да се затскриваат релациите. Второ многу позначајно од ова првото, е дека Пурино не живее од ракомет, напротив тој живее за ракометот! Сериозна предност и дистинкција од голем број ракометни глобтротери кои многу повеќе размислуваат за иднината […]
19 годишниот Петковски му го донесе првиот бод на Алкалоид !

Фото РК Алкалоид Почнувам од крајот. Александар Петковски, 19 годишното леворако крило со гол во последните секунди од натпреварот, му го донесе на РК Алкалоид првиот бод во Лигата Европа. Многу често во разговорите и анализите, коментарите и критиките, забораваме кои сме и од каде и какви услови доаѓаме. Во една прилика за да сликата […]
Едно сосема поинакво Дерби !

Фото РК Еурофарм Пелистер Дека натпреварот во предвечерието на големиот Македонски празник, помеѓу Пелистер и Вардар беше Дерби немаме сомнеж. Но дека беше исклучително различно од сите досегашни Дерби дуели имавме многу показатели. Да почнеме со ред. Вардар се пожали на болест, побара одложување, Пелистер не прифати, но ги повика навивачите да не наседнуваат на […]
Спортски повреди и дали може да се избегнат ?

На почетокот на новата сезона се соочуваме со стара болна тема. Повредени играчи. Кои се причините, може ли да се превенира, како да се третира, како побрзо играчот да се врати на теренот? Прашања што ги мачат сите, играчите, тренерите, управата, семејствата и секако навивачите. Во еден исклучителен амбиент, во Центарот за Физиотерапија Кинезика, во […]
Премиера на РК Алаклоид на меѓународна сцена

Фото РК Алкалоид Само две години од формирањето, бродот на Фармацевтите заплови во меѓународни води. Водени од една ракометна икона, како капетан, Кирил Лазаров, но со посада од безмалку голобради јунаци, РК Алкалоид со нескриена возбуда го скрши мразот на настапите, овојпат во Лигата на Европа. Ждрепката во ваквите натпреварувања по правило не Ви е […]
Ракометен триптих

Во два дена имавме прилика да видиме, неколку во најава интересни дуели. Дали навистина беше така? Ракометната женска репрезентација на Македонија по мнооогу долг период има прилика да се квалификува на големо натпреварување сама. Исклучително важен циклус за враќање на довербата во женскиот ракомет и уште поважно за отварање тема Професионализам. Шокантно беше да се […]
Ако одам во Битола …

Фото РК Еурофарм Пелистер Паузава од Лигата на Шампиони добродојдена. Да се погледне од позиција кога водата е избистрена. Иако кога станува збор за Ракомет и за Битола, практично е невозможна таква состојба. Натпреварот со Кил, на некој начин многумина го видоа како лечење на раните од првите две кола. Долго Пелистер беше во игра, […]
