Конечно, Плеј ОФ !

Многу дилеми имав околу употребата на терминот. Пробав на Google Translate, побарав во Македонскиот дигитален речник и се чини дека сме го присвоиле терминот. Па така на страната ДИГИТАЛЕН РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК стои Вид збор: Именка, машки род Натпревар или серија натпревари меѓу два или повеѓе тима за да се избере најдобриот. Англиски: Play-off Употреба: […]

Завесата спуштена

Фото ЕХФ Колектиф Со низа непознати, нешто малку сомнеж, а сепак со многу очекувања, го чекавме ова ЕУРО 2024 во ветената земја Германија. Дека се од очекуваното се оствари е несомнено. Гледавме навистина врвен ракомет во голем дел од средбите. Форматот во кој едни играат 3 а други 7,8 или 9 натпревари за мене несреќен. […]

MythBusters, или разби ли ракометот по некој мит?!

Фото ЕХФ Стадионот претворен во ракометна арена Митбастер или одгатнувачи на митови, во мој слободен превод, е научна, забавна ТВ програма, која беше премиерно прикажана во 2003 та година на Дискавери каналот. Водителите Адам Севиџ и Џејми Хајман, инаку експерти за специјални ефекти, користејќи научни методи, разоткриваа и тестираа валидност на низа гласини, митови, поговорки, […]

РАСТЕМЕ …

Фото РФМ Голем камен ни падна од срцето на сите. Некои веруваа, некои не, некои песимисти, некои оптимисти. Верувам нема искрен Македонец кој синоќа не беше пресреќен по победата на ракометарите. Одигравме убав натпревар, борбен, машки. Видовме жар, страст, желба за победа, самодоверба. Имавме неколку исклучителни поединци, но најважно од се делувавме како Тим. Имаше […]

Втор пораз за Македонците на европското првенство

Фото РФМ Во навивањето, а тоа добрите навивачи ќе Ви го признаат, освен победа се друго е неуспех. Постојат ситуации кога нерешен резултат може да биде доволен, кога и пораз под одредена гол разлика значи напредок, но за вистинскиот навивач секогаш само победа го исполнува срцето. Македонските спортски колективи, клубски и национални, со децении не […]

Започна европското првенство во ракомет

Фото РФМ Во еден навистина несекојдневен амбиент, на фудбалски стадион, започна европското првенство. Честа да ја отворат оваа смотра имаа втората колонијајна сила на сите времиња, Франција и одважната а пренапатена, мала, Македонија. Европската ракометна федерација се бори, се надевам, да го пронајде вистинското место на Ракометот на светската спортска мапа. Повлекува потези, понекогаш во […]

Македонската фаланга повторно во акција!

Јануари е месец во кој спротивно на сите политички тенденции за минимизирање и омаловажуање, Македонците ја демонстрираат својата вековна страст и љубов кон татковината. На петоколонашите и непријателите навистина им е непријатно, па со сите сили и средства од година во година се обидуваат да го избанализираат и минимизираат настанот. Но, попусто ! МАКЕДОНИЈА е […]

Џомба, ти благодариме !

Џомба е вистинска класа. Во предвечерието на европското првенство неможевме да имаме подобар гостин. Џомба е рол модел како се станува спортист, професионалец, патриот! На големиот Македонски православен празник Бадник разговараме за ракометот за Металург, за Вардар, за Македонија ! Џомба ти благодариме за се !

По што ќе остане 2023 запаметена?

По израелскиот воздушен напад вчера во градот Газа се издигна пожар и чад. Фото: Фатима Шбаир/АП

По израелскиот воздушен напад вчера во градот Газа се издигна пожар и чад. Фото: Фатима Шбаир/АП Ракометниот ракурс ми е во фокусот, оти оној другиот, хуманиот одамна ме разочара. А кога сум кај него, да се потсетиме дека Руско-Украинската војна сеуште трае, и повеќе од половина свет ги подбуцнува двете страни активно, да уништуваат и […]

Умира ли Македонското спортско новинарство?

Во најновиот подкаст имавме исклучителна чест да ни гостуваат две многу значајни имиња во современото Македонско спортско новинарство? Како се станува спортски новинар, кои беа клучните имиња во Македонското спортско новинарство? Дали има иднина и кој е виновен за сегашните состојби, неможевме да имаме подобри соговорници од ведетите на Македонското спортско новинарство, Југослав Костовски и […]