Фото РК Загреб
Необично ми минуваат сезониве без победи во Лигата на Шампиони.
Паметам сезони кога Вујо собираше килограми и сантиметри и пак не успеваше, кога Лино со сета харизма и лукавост, стигаше само до 1/8 финале, но и сезони кога тивките Шпанци не одведоа на тронот.
Последниве две многу тешки, иако рака на срце, по бурата од Широк Сокак, групата преживеани предводени од Капетанот Спасител, делуваат конечно како сериозен тим.
Поднасловот на овој текст би можел да гласи
НИКОГАШ ПОВЕЌЕ МАКЕДОНЦИ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
Малку ариевски можеби, но, моментите во последниве две кола кога Пелистер се соочи со гигантите ПСЖ и Кил, предводен од клупата со Македонски стручен штаб, Ангеловски, Соколоски и компанија, а на теренот безмалку чисто Македонски трупи, Кузмановски, Танковски, Манасков, Пешевски, Кузмановски Цветан, Атанасијевиќ, Костески, Ѓоргоски, Кизиќ, брани пенал, малиот Петровиќ со апликација за Македонски пасош, БЕСЦЕНЕТИ !

Фото РК Еурофарм Пелистер
Сепак во отсуство на нешто повеќе адреналин, крв и солзи, во Македонските битки, за коие со сигурнот тврдам дека веќе во наредните години нема да биде така, погледите вперени кон еден поранешен Немезис, Загреб.
А во него колонија на екс Вардарци, и тоа кои, легендите Дибиров и Чупиќ и поновиве, Валчак и Моралес.
Тие во борба за влез во топ 12, синоќа му гостуваа на со фанфари најавуваниот Норвешки Дрим Тим. Интересно е како за овој проект, кој со наша терминологија би бил Клуб Репрезентација, освен за финансиските теми, не слушнавме ништо лошо. Правам паралела со нашиот проект Клуб Репрезентација!
Во Норвешка може, арно ама во Македонија не?
Малку и за натпреварот. Загреб без двајца од своите најистакнати поединци, Хрватски репрезентативци, Срна и Кларица, пак со наша терминологија, душата му ја зеде на Норвежаните.
Темпо наметнато од прва секунда, луцидност, одлучност, цврста одбрана и одличен голман. Широка но мудра ротација, на БАЛКАНСКИ ПОГОН, Хрвати, Словенци, Срби и Босанци, жалам што сем натурилизираниот Тимур друг Македонец нема. Малку зачин од Куба, Русија и Полска само за збогатување на вкусот.
Честитки за привременото решени на клупата за која сите се согласни дека е и вистинското, им поакувам пласман понатаму.
Направив сосема случајни паралели …