THIS IS THE CHAMPIONS LEAGUE!

Фото РК Вардар 1961 фејсбук

Срцето ми е повторно таму каде што му е местото…

Во ракометната Лига на Шампиони!

Прилично спротивно од моите политички ставови и премиси на темата со тн европска идеја, но како што не учеше големиот Даскал, светот мора да го разбираме само и само, како поле за културен, ја ширам тезата и спортски , натпревар помеѓу народите!

Македонија во континуитет има асови во ракавот, за следење на аманетот на Даскалот, еден од нив, ракометот.

Сликата од, нешто што можеби би било пандан на наш Дебар, мало планинско градче со лековити води и бањи, Мелсунген, во која доминираше црвено-црно, жолтата, сценографија со еден куп весели и распеани македонци, наспроти домашните, претпоставувам пациенти, ја потврдува тезата дека спортот е еден од најгласните и најголеми амбасадори. Весели лица, страст и песна, поддршка за своите и во добро и во зло, тоа сме ние македонците!

Вардар со шампионска ДНК на клупата во ликот, делото и телото на Иван Чупиќ, се врати онаму каде што по многу параметри таргетираше и потврдуваше дека припаѓа, во Лигата на Шампиони.

Но, секогаш присутно, а неопходно за да можеме, а сите и тоа го сакаме, да се мериме, тука веќе работите се поинакви.

И срцето на терен и топката скапоцена и трчањето и скокањето на глава, не се некогаш доволни за успех.

Итс шампионс лиг… врескаше Чупко на тајмаутот, иако длабоко во себе знаејќи дека кој не почуствувал тешко ќе разбере.

Огромен број вардарци беа восхитени од актуелната состојба, играм за Вардар во првото коло на Лигата на Шампиони!

И рака на срце и не изгледаше воопшто лошо тоа што го видовме. Недостасуваше само ротација. Да, на Вардар му недостасуваа Мечка и Педро како на морнар море, но му недостасуваат уште двајца тројца најмалку борци за сезоната што допрва започнува.

Свесен дека на гости кај Нант и Висла ќе биде ѓаволски тешко, Чупко беше подготвен на задавање на почетен и финален удар со победа кај германците да го обезбеди тој еден неоходен брејк за премин во главната фаза. Не успеа но и не не разочара.

Видовме колку е важен Јака, на кого Парондо пукаше со сета можна артилерија, која им е преостаната бидејќи главното отиде на исток, видовме дека во Љевар и Мо, Вардар добива одлични играчи, дисциплинирани и борбени, креативни и ефикасни, со мала предност за Леон кој гине и во двата правци. Видовме колку Васе созрева и колку може да биде ново сонце на македонскиот гол. Видовме дека легасито на Тимур страшно влијаело па едно скромно момче од Вождовац делува како гол машина. Видовме и колку второто исклучување, на повторно провокативно делегираната судиска двојка од нашиот смртен ракометен немезис, на единствениот евролигашки пикер во составот, ја нагриза цврстата одбрана. Видовме дека стабилни тренери недозволуваат двоцифрен број на загубени топки и видовме дека статистички овие два тиме беа прилично изедначени. Видовме и дека една нова наша надеж, Марко истрча на теренот и ги забележа првите секунди во ЛШ, бесценето!

Отскокнува листата на стрелците каде германците имаа 11 а македонците само 8 запишани, и токму во овој податок се обидувам да ја лоцирам причината за поразот.

Блиску а далеку, а време и натпревари нема многу. Веќе во четврток во Скопје доаѓа следниот и тоа како сериозен противник. Натпревар кој во многу ќе ја детерминира иднината на оваа сезона.

Ако од листата на повредени се вратат Мечка и Педро, и ако првите мачиња се фрлаат во вода, ако Јане се наполни и згрми и ако Чупко чврсто ги држи уздите јас типувам единица со +3 па нека пукнат сите наши душмани.

Да живее Вардар, Да живее МАКЕДОНИЈА !

ПС ми недостасуваат фотографии од натпреварот, за што е виновен Вардар, ми недостасува медиумска застапеност и промоција, за што е виновна МРТВ и ми недостасува искористување на големината на натпреварувањето во функција на сериозна популаризација на ракометот за што е виновна РФМ. За инсталираната Арена несакам ниту еден збор да потрошам.

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...