На запа… Гости ништо ново!

Фото РФМ нз единствената фотографија од гостувањето

Тажно

Но вистинито, Македонија повторно загуби на гостување. Литванија, Фарски, Романија, уф постојано се лизгаме на гостински терен. Флоскулата денес сите играат ракомет, не влеговме сериозно во натпреварот и најновата авторска на Кралот, менталитетот на македонците, некако звучат сувопарно веќе.

Селекторт рака на срце се извини, незнам само дали во свое име или во името на играчите. Грците биле помотивирани и навистина се прашувам кој тоа ги демотивира нашите?

Нејсе, Македонската ракометна нација се навикна на овој срцекршачки ритам, губиш кога не треба, победуваш кога треба и така со години веќе. Знам во мај во Скопје ќе гори, тука прегореа и многу посериозни ракометни групи од оваа јужно европска банкрот творба, но дали секогаш мора да го врвиме истиот пат?

На прашањето како ти се виде натпреварот, одговорот ми беше прилично дислектичен:

Нежно, немотивирано, анемично, индолентно, бедно, неизбалансирано, тактички хаотично!

На гости ништо ново!

Штета, од деталите кои ми паднаа на око ќе издвојам два, првиот околу ангажманот, па така првото вистинско исклучување го имавме во 57 мата минута, да, да, пред самиот крај, секако не ја земам в предвид глупост на близнакот за која доби црвен картон, но секако двата акта ни оддават многу информации околу подготовката на натпреварот и вториот многу важен, селекторот издвои дека второто полувреме против една ваква мотивирана грција со лев бек анонимус Македонија го доби.

Македонија во меѓувреме ќе настапи на Светското, имаме група која досега можевме да ја сонуваме, селекторот ќе биде внимателен и нема да го притискаме, нему и така му е проблематичен нашиот менталитет.

Ние ќе сонуваме секако !

Македонија е се што имаме !

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...