Фото РК ВАРДАР 1961
Каков е учинокот на македонските екипи на европскиот фронт досега, е лесно да се одговори.
Раната елиминација на Тиквеш од ракометен анонимус, во анализата морам да ја елиминирам од причина што не ретко македонските екипи знаат да си заштедат од своите и така мали ресурси, со ваква стратегија. Имајќи впредвид каква видливост има купот во раната фаза можеби и сосема оправдано. Од друга страна па така мак ракометот губи на рејтинг и секако на својот углед. Но велам, таа одлука и тој перформанс не го земам в предвид.
Одиме понатаму. Нашите два најголеми клубови, Вардар и Пелистер одиграа досега 7 натпревари. Резултатот е освоен само 1 бод.
Пелистер покажа две лица, едното кое никој несака повторно да го види и другото за кое сонува секој навивач на Пелистер.
Два катастрофални порази кои изродија лавина реакции, и создаваат повторно клима на недоверба кон клубот, раководството и нивните одлуки. Дали Червар беше вистинскиот човек за амбициите на зелените?
И едно реми кое покажа дека има штоф. Но сепак начинот на кој Пелистер загуби бод, сепак зборува дека жиците се далеку од наштимани.
Вардар пак влезе со еден сосема поинаков наратив во оваа нова ера, своја и на ЕХФ Лигата на Шампиони, и покажа дека не е така далеку од целите. Но …тоа проклето но, кое со својата појава веднаш расчистува со дилемите, Вардар се уште не е подготвен.
Одлично изгледаше Варадр во поголемиот дел од натпреварите со Мелсунген и Нант, одлично полувреме на гостувањето во Полска, премалку за да се книжат бодови во Лигата на Шампионите. За таму требаат повеќе јунаци.
Сосема веројатно е дека работите се подобро сложени од лани, дека костурот се формира, но јасно е дека е потребно време. За разлика од ситуацијата во која е Пелистер, кој доколку не успее да направи сензации на преостанатите 3 дуели, ја завршува овогодинешната евро авантура, Вардар е покомотен. Па така тој оди во понатамошни натпревари од Лигата на Европа а со тоа и сезоната на сериозни натпревари за него ќе продолжи.
Во наредниов период ги очекуваме настапите и на Алкалоид и Охрид, последните 2 освојувачи на овој куп и тука за амбициите не треба да се дебатира. Но го очекуваме и Бутел со надеж дека нивниот пристап ќе биде поинаков од минатите сезони.
Едно е јасно, играњето на високо ниво во евро куповите е сериозна работа. Бара многу голем фокус, сериозни ростери и сериозни раководства и тренери.
Она што нас како секундарна карактеристика не интересира, е минутажата и импактот на македонските играчи во тие натпревари. Оти така ние јунаци за светско создаваме.
Како изгледаме досега ќе биде тема со која ќе се занимаваме во следниот подкаст
Со срце за Македонија.
ПС Македонија денес доби нов играч, Димитро Хориха ќе го облече светиот дрес. Нека му е со среќа !
