Фото РФМ
Континуитетот е работа за која многу тимови сонуваат.
Македонската ракометна репрезентација, по низа околности е влезена во еден таков посакуван, спортски континуитет. Тој веќе легендарен двомеч со Исланд и две години подоцна влезот на европско, се зачетокот на позиционирањето во ракометната елита.
Апетитите ни се, се разбира малку поголеми од само олимписката девиза, но совршено ни е јасно дека мозаикот е прекомплициран за нашиот ментален склоп, општествен амбиент и се разбира, она што реално државата го вложува во ракометот.
Широка е расправата за тоа што на Македонскиот ракомет му недостасува, но за жал со години се чини дека сем расправа, драматични поместувања сеуште нема.
Па така, ако сакам да најавам дека Македонија е апсолутен фаворут во двата преостанати дуели, против Естонија и Литванија, имам една мала задршка. Со двете екипи имаме минато, не така славно иако Македонија излегувала како победник на крајот. Но просто се прашувам, Словенија на мегдан со Литванија, која нас не порази кога дефакто се чувствуваме најсилни, истрча со условно кажано трета постава и забележа лесна победа, како ние би изиграле в недела против Литванија со трета постава?
Селекторот Лазаров како никој друг досега селектор, има прилично одврзани раце и прилично комотна временска дистанца да ја презентира својата визија за ракомет. Од она што го гледаме на клубско ниво, делува дека довербата во него треба да даде резултат. Малку е поинаку во репрезентацијата каде се собираат играчи од повеќе клубови.
Нејсе, вратата кон европското ни е широко отворена. Со две победи сме таму. Факторот повредени играчи сигурно ќе не држи нервозни, но статусот на ракометот во Македонија, ЕХФ рејтингот и балканскиот менталитет, мора да се оправда.
Упатувам апел до новото раководство на РФМ, сериозно да ги засука ракавите и да се зафати сериозно со работа. Ракометот спорт број 1, премиса која бара многу работа!