Фото СРФ
Македонија издоминира против Словачка.
Очекувано, и покрај изјавите на селекторот дека бил изненаден од високата разлика!?
Флоскулите дека денес сите играат ракомет, дека треба да се биде претпазлив поготово на гостински, апсолутно непотребни.
Оваа Македонија, ракометна, се удира во гради со една од најјаките лиги во светот, со континуитет од безмалку 15 години на светска сцена, крајно време е да почне да се цени и да не бега од фаворитска улога кога играме со ракометни аутсајдери.
Сакаме чекор погоре, и покрај сите изговори, време е.
Одлична беше сликата за време на тајмаутите, легендите заедно, Лазаров, Стоилов и од позадина Миркуловски.
Самиот натпревар и не беше толку воодушевувачки а играта не беше беспрекорна, издвојувам неколку констатации:
- Кога Кузмановски игра фокусирано и не се занимава со пораки со еротска содржина, е феноменален, вистински лидер, играч кој го гледам во врвна европска екипа.
- Кога Лазаревски игра фокусирано и не се занимава со судиите, публиката и противникот, е феноменален, пикер за врвна европска екипа.
- Митев полека се враќа, добро ќе му дојде летната пазуа за комплетно рестартирање.
- Близнаците, хм, ќе ги чекаме уште малку нив…
- Лазаров на тајмаут во духот на Шундо
РФМ се мобилизира како никогаш порано, во недела пред и во Борис ќе видиме нешто ново, нешто што најверојатно го заслужуваме и посакуваме. Настан за цело семејство за цел ден, настан во чест на Ракометот.
За жал во недостиг на фотографии од гостувањето во Прешов, за насловна избравме фотографија од фејсбук профилот на Словачката ракометна федерација.
Со срце за МАКЕДОНИЈА!
