Вардар не навикна на Трилери

Фото РК Вардар 1961

Без двоумење, ако со еден збор или филмски жанр треба да се опише настапот на Вардар во лигата на шампионите, низ годиниве изминати, тоа е ТРИЛЕР.

Пребарувам за значењето на зборот и ја пронаоѓам следнава дефиниција:

Трилерот е жанр во литературата, филмот и телевизијата каде што главни елементи се неизвесноста, напнатоста, исчекувањето и силнa возбудa,

Просто како и секој натпревар на Вардар. Изјавата на одредени љубители на ракометот во зрели свои години, дека немаат веќе срце за вакви возбудувања, полека почнувам да ја разбирам.

Вардар изигра сезона во лигата на шампионите за паметење, не по својот бодовен учинок секако, но по пристапот, ангажираноста и отпорот на кој наидоа сите оние кои мислеа, “лако чемо”!

Постојат многу мерливи карактеристики со кои би можеле да ја дефинираме зрелоста на тимот, во случајов младоста и неискуството, и со нив секако би ја зголемиле оценката за вкупниот впечаток кој го остави Вардар, за жал фригидната ехф не се занимава со развој и оплеменување на играта ами само со продажба на билети и склучување маркетиншки договори со голем број анонимни брендови.

Вардар годинава остави силен впечаток и од аспект на организација и подготовка на натпреварите. Просто делуваше на моменти како ерата на Самсоненко да не завршила. Постојат детали на кои им треба полирање, па затоа очекувам следната сезона да биде вистински спектакл.

Со чаршиски жаргон Вардар има и глава и опашка. Нешто што им недостасува и на многу поголеми ракометни колективи, и не само ракометни, низ мислите ми е Манчестер.

Избалансиран состав, неколку млади македонци, кои ако им фати коренот, би можеле многу да научат, одличен лидер. Амбиција и глад за успех на високо ниво, нескриена насмевка кај Чупиќ при споменување на градот Хамбург.

Важно беше и како гостите ја доживуваа салата и публиката, а синиќешниот обид за провокација на искомплексираните германски натпреварувачи е само потврда дека за Скопје и ваква публика можат само да сонуваат.

Се двоумев но сепак ќе ги споделам чаршиските шпекулации, има шарм секогаш во нив. Па така во ростерот во следната сезона покрај двајца странци се подготвува место и за неколку македонски играчи. Вардар подготвува бомби, следната година црвено црниот дрес би го облекле на среден, Марко Митев, на црта Марко Стојковиќ и на крило Аце Петковски.

Нека е со среќа

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...