Без ПАРДОН

Фото РФМ

Македонија ги започна квалификациите за следниот еуро, ((под услов еуро(па) до тогаш да остане цела)), со стил.

Долго време го чекавме ваквиот старт, бескомпромисен, бесчуствителен, авторитативен, професионален. Низ главата постојано ми се вртеше филмот од минатото, го подценивме противникот, влеговме не мотивирани, се потрошивме не планирано.

Македонија изигра во стилот на големите!

БЕЗ ПАРДОН

Или гледајте и учете, ги поздравувам и Милевски и Марковски, се обидоа во духот на пристојноста и помалку стравот од минатото да ги претстават аматерите во поинакво светло. Попусто.

Овој пат Кралот и неговата свита не оставија простор за никого, па ниту за медиумите, аналитичарите, прогнозерите или што би рекол Савевски, кибицерите.

Влез во натпревар од учебниците на големите, голман на 100%, одбрана фокусирана, напад егзекутивен. Браво !!!

Фото РФМ

Браво и за новиот македонец, кој им очита лекција на десетици фудбалски репрезетантивци на Македонија, кои со сите сили и средства се обидуваат да ја понижат и навредат Македонија, и сеуште никој не презема одговорност за нивното однесување. Паметам супер ѕвезди од американскиот фудбал чии кариери згаснаа по само еден натпревар непочитување на националната химна и симболи.

Е сега, као што би рекол Мурињо, доколку не победиме в недела оваа победа можеме да ја заборавиме. Значи, Луксембург е минато, Грција е таа која мора да плати.

Ладни глави, капетан Фитиљ, Бум Бум Марко, Мечка, Томо, Симба, Серафим, Самоил, Аце Петко, Близнак, Галец, Димче, Батак, Марко, Дамјан, Михаил, Мартин, ГРЦИЈА МОРА ДА ПАДНЕ!

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...