Некој крвари некој врата клати

Во одсуство на простор за ракометни дискусии, секоја чест на некои македонски медиуми, кои од време навреме, верувам инспирирани од општиот интерес за некој меч, или поради пополнување програмска празнина, создаваат ракометна содржина, се роди новиот ракометен подкаст, Книги и кучиња и ракометни разговори, или во интернационална верзија Books and Dogs and Handball Talks.

Соработка помеѓу САМО РАКОМЕТ, и ЧИТАЈ РАКОМЕТ со огромнa поддршка од можеби единствениот кафе бар со тема книги, миленици и кафе, Books and Dogs, идеја која се крчкаше безмалку 1 година, конечно се оствари.

Без класична студиска атмосфера. Без крути новинарски прашања. Без потреба секоја тема да добие конечен одговор. САМО РАКОМЕТ, луѓе што го живеат и разговори што отвораат нови прашања.

Во првата епизода Виктор и Џорџ направија куса ретроспектива на изминатите ракометни настани. Ќе следуваат доста гости и доста актуелни теми, ќе има простор и за дебата, се со една цел, кревање на ракометот во Македонија на повисоко ниво.

Погледнете…

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...