Црвено Црното повторно во мода!

Фото РК ВАРДАР 1961

Во славните времиња кога Вардар го сонуваше Келн, имаше приказна дека на тогашниот претседател, Самсоненко, Чупиќ му рекол, парафразирам, ако сакаш Титула треба мене да ме земеш!

И се она што беше насобрано како знак на предавство, помалку гнев, доста недоверба, а прошарано со доста емоции, сеќавање на играчките денови на популарниот Чупко, со назначувањео на Иван Чупиќ за тренер на скопски Вардар, денес изгледа далечно.

Вардар не знае да ги чува своите легенди, е констатација и од таа клубот тешко ќе се ослободи, но Вардар знаел многу често да ги избере вистинските пикови, за задачите кои го очекуваат.

И таа тема, за изборот, њухот како што би рекле нашите постари, одамна не сме ја третирале. Вујо, Раул, Парондо, Чупко, Тимур, Кара, Абутович, Марса, Банда, Столе, плејада на ликови кои беа извадени од нафталин или анонимност и вкомпонирани во еден беспрекорен механизам. Сега на сцена се Јака, бразилецот, Валах, можеше да биде и Талесен…

Во Скопје повторно ќе се игра Лигата на Шампионите, така барем сите се надеваме, од таа стара фокса и нејзините чеда се уште не сме ги виделе сите изненадувања.

Повторно ќе се затвара сообраќајот кон Јане, клубот веќе почна да тестира фан зони, очекувањаа ќе бидат големи, неизвесноста као ќе изгледа овој нов Вардар огромна.

Вардар ја освои двојната круна, на прва доста сигурно и доминантно, но совршено е јасно дека тоа не беше мачкина кашлица. Ниту Пелистер ниту Охрид па и Алкалоид не беа тимови со кои лесно се победува. Како тие ќе се развиваат е друга тема.

Во очекување на заверката на пласманот на македонската репрезентација на уште едно светско, духовите во првенството полека се смируваат.

Ќе остане енигма една изјва на еден пензиониран ракометар, во еден култен кафе бар на еден историски сокак, есента 2025 та?!

Македонија повторно е Црвено Црна, ќе може ли и старата фокса повторно да ги облече тие бои?

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...