АЛКАЛОИД ГО “ПРЕПЛИВА” НАДМЕНИОТ И НЕРВОЗЕН ВАРДАР, ДОБИВАЈЌИ КРИЛЈА СО КОИ ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГО “ПРЕЛЕТА” РАКОМЕТНО СУПЕР-ВИСОКИОТ ПЕЛИСТЕР

АЛКАЛОИД ГО “ПРЕПЛИВА” НАДМЕНИОТ И НЕРВОЗЕН ВАРДАР, ДОБИВАЈЌИ КРИЛЈА СО КОИ ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГО “ПРЕЛЕТА” РАКОМЕТНО СУПЕР-ВИСОКИОТ ПЕЛИСТЕР

БРЗИ, СИЛНИ и БЕСНИ, или како Кралот одговори на предизвикот

Има еден настан кој мора да се одбележи. Во еден момент, кога во континиутет бевме незадоволни од судењето на Турците, од кои нескриено сите очекувавме малку ветар в едра, кон нив полета импровизирана топка изработена од згужвано знаменце, дел од одличниот декор в салата. Серафимов појде кон него и го подигна од подот, и кога на момент се исплашивме дека ќе го однесе до судиите, незнам зошто воопшто таква мисла ни пролета, тој го отвори го испегла и го бакна Македонското знаме! Знаевме тогаш, овие деца се дојдени овде да победат !!!

Македонија го возврати ударот и се пласира на СП

Вистинско уживање беше да се биде вчера во преполниот „Борис“, чувствувајќи ја поддршката на публиката, гледајќи ја мама Ангелина, како горда мајка, рони солзи радосници на трибини, додека нејзиниот Марко ја решети мрежата на противникот, да се види како Мечка отпоздравува во стилот на Че Гевара, кон своите родители, после исполнување на ветувањето дека „ќе изгинам на терен и ќе победиме“ или радоста на Мајка Данче, која дава двајца свои синови во националниот тим, прогласувајќи ја вечерта за „една од најсреќните“ во својот живот. Кога го нема Ненад, нема проблем, тука е Никола, има чичко Војне од Струга јунаци кои знаат гордо и достоинствено да го носат црвено-жолтиот дрес на Македонија.

Денот Д за Кралот!

Дочекан како величина, денес исправен пред најголемиот тест. Дали Кралот успеа да ја вметне својата филозофија во главите на играчите, дали тие му веруваат и впрочем дали е тој вистинскиот ракометен експерт како решение за долги пруги?

Фараните држеа лекции по ракомет, Македонија може и мора многу подобро во „Борис“

Во сенка на големата победа на опозицијата на претседателските и парламентарните избори и натпревар од највисоко ниво за вљубениците на „најважната споредна работа на светот“, најуспешната национална селекција, во обид да избори поволен резултат гостуваше во супер далечните Фарски острови. Натпревар во кој Македонија доживеа (не)очекувано висок пораз. Имајќи предвид дека ја имав привилегијата да […]

Катастрофа од епски размери ! Фарски ја размонтира Македонија!

Фото Фарските Острови Во еден прекрасен ден, кога Македонците им ставија до знаење на сите непријатели дека Македонија не е за распродавање и по конечниот распад на една криминално предавничка влада, следеше огромен шок за мене. Фарски ја размонтитра Македонија и во Скопје доаѓаат на реванш како тотални фаворити со депозит од 7 разлика. Што […]

Пелистер одбројува, Вардар се надева, Охрид прославува, а „луѓето во црно“ ги „одредија“ учесниците на завршните турнири

Познати се учесниците завршните турнири во ЛЕ и ЛШ, овозможувајќи ни одлични натпревари, големи пресврти и неизвесни завршници. Во ЛШ, од фазата Келн не е тоа што треба да биде без германска екипа, премина во фазата на два претставника во имињата на актуелниот шампион Магдебург и „(нај)големиот“ Кил. Покрај нив во Келн ќе ги видиме […]

Охрид се „удави“ во Автокоманда, ракометниот Брус Ли нерешлива загатка

Фото: РК Алкалоид Во натпревар кој требаше да биде дерби на колото, и да одговори на неколку прашања околу тоа кој на која позиција ќе го заврши актуелното првенство, победникот беше решен по првите 30 минути, можеби и нешто порано. При резултат од 22:14 на полувремето, вториот дел беше само формалност, во ситуација кога на […]

ТИКВЕШ НЕМОЌЕН ПРОТИВ ВИСОКАТА ЗОНА НА АЛКАЛОИД, ОХРИД ПРОДОЛЖУВА ДА ГО СОНУВА ШАМПИОНСКИОТ СОН

Триумф на Алкалоид, четврти во меѓусебните дуели во тековното првенство, овој пат на гостински терен во Кавадарци, е епилогот од натпреварот кој требаше да даде одговор на прашањето, дали Тиквеш ќе продолжи да сонува учество во Европа следната година.