Мала хронологија на баражите за светско

Македонците своето прво учество на светско првенство во екипен спорт го имаа преку машката ракометна репрезентација во Египет 1999 година. Впрочем неможам да се сетам дека некоја друга спортска селекција воопшто била на светско?

Можеби ватерполо репрезентацијата но навистина незнам каков однос да имам кон тој спорт воопшто.

Одиме со ред 1999 та Египет.

Првиот настап го заработивме низ класични квалификации, во група со Португалија Италија и Белгија, со пет победи и само еден пораз бевме сигурни на првото место, со подобра гол разлика од Португалците.

Следеше декада на апстиненција и потоа

Хрватска 2009 та.

Првиот добиен бараж во една драма со Исланд се случи во штотуку отворената сала Борис Трајковски во еден спектакуларен натпревар, успеавме да надокнадиме разлика од -6 во Рејкјавик. Периодот на земање транкилајзери започна.

Шведска 2011 та

Елиминација и огромно разочарување, испаднавме од верувале или не, од денешна гледна перспектива од Литванија, нерешено но полоша гол разлика во натпреварите со Турција. Ова не беше класичен бараж ами турнир секој со секого. Лазаров, Мојсовски, Миркуловски веќе беа лидери на таа Македонија.

Шпанија 2013 та

Плодовите од одличниот настап на европското во Србија дојдоа до израз, во овие квалификации бевме во привилегирана позиција и игравме со Австрија, класичен бараж. Победа дома со 5 и пораз на гости со 3 разлика.

Катар 2015 та

Во јуни 2014 противник по мерка, таканаречената Грција, резултатски издоминиравме, но со оглед на комплексноста на лузните кои оваа земја ни ги има оставено и остава во континуитет, овој двомеч беше повеќе од спортска одмазда.

Франција 2017 та

Почнуваат стресовите. Во првиот натпревар со Чешка губиме 6, во Скопје тепаме 7, апсолутно лудило. Дали веќе сме преискусни па помалку влегуваме не фокусирано или нешто друго се случува, незнам но знам дека македонската историја е поплочена со предизвици.

Данска и Германија 2019 та

Јуни 2018 солидна победа над Романија во Скопје, плус 8, за еден контролиран реванш и пораз од само 1 разлика.

Низ бараживе провејуваат како најдобри стрелци Лазаров и Манасков, размислувам време е да го вратиме, реално сме тенки на таа десна позиција.

Египет 2021

Во годините на глобалното лудило и инженерингот за пропаста на светот под закана на кобајаги мутираниот сезонски грип, на епидемијата, на лудило, не беа имуни ни спортските асоцијации. Па вака некако одеа работите. Макеоднија требаше да игра бараж со Франција, тој не се одигра па ИХФ одлучи Франција да оди директно. Но ѓаолот је зема бељата, па почнаа да испаѓаат селекции поради медицински причини и Македонија влезе како замена.

Полска и Шведска 2023 та

Една од најкомплексните фази на квалификации, во фаза на промена на генерациите во националниот тим, два дуели со сериозни тимови. Орвиот чекор навидум полесен повторно со Романија и вториот на ивица со Чешка. Со две победи, нерешено и еден контролиран пораз напредувавме кон ушт еедно светско.

Хрватска, Данска и Норвешка 2025 та

Пола Европа е веќе квалификувана, а ние по пророштвото на еден новинар без школо за новинари се соочивме со новата ракометна сензација, Фарски острови.

По шокантниот висок и убедлив пораз на северот, во Скопје имаше набој како пред финале на светско. Сите верувавме ама стравот беше огромен. Одлична игра на македонците и победа со 8 голови разлика не однесе повторно таму каде што припаѓаме.

Дојдовме полека до 2026 та и квалификациите за Германија 2027 ма. Колку само наши иселеници цупкаа очекувајќи го нашиот пласман. И по одличниот настап на европското се најдовме конечно во добриот цилиндер. За бротивник ракометниот анонимус Словачка. Сите фрустрации здобиени низ годините истурени врз нив, а не беа лоши.

Во еден фантастичен амбиент, со прекрасна организација од страна на РФМ, демонстриравме моќ. 15 голови разлика не е малку.

Оваа Македонија полека почнува да ги покажува забите, а ако овојпат ни се поклопат и ѕвездите па во групата во Јануари ги добиеме Аргентина, Зеленортските и Уругвај, можеме да почнеме да сонуваме.

Со срце за МАКЕДОНИЈА

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...