МТВ,we have a problem!?

Во повеќе наврати сум се воодушевувал од вештината која ја покажувала Македонската радио телевизија во обезбедување на преноси од хокеј!

Еден од водечките спортови во Македонија.

Не заостануваат и со преносите од уметничко лизгање, нордиски дисциплини и светски првенства во фудбал за млади кои никој не ги гледа. БРАВО

Но има моменти кога не смееш да молчиш. Ова е тој момент.

Македонија втора година по ред има тим кој игра Четвртфинале во ракометна Европа. ГРК Охрид против Олимпијакос. Охрид тим во подем. Момент што не се купува — се заслужува. македонскиот спорт дел од кремот. Дали има некој кој не стреми да биде во врвот на својата фела?

И што прави Македонска телевизија?

Повторно — ништо. И да, да бидеме прецизни, не е дека не можеле, туку не сакале!!!

Понуда имало. Опција имало. Интерес страст и љубов кон македонскиот спорт НЕ.

И ова не е прв пат. Ова е континуитет на една иста болест, целосно отсуство на перцепција што е национален интерес. Спортот не е трошок. Спортот е најдобриот амбасадор.

Кога ГРК Охрид игра европско четвртфинале — тоа не е „уште еден натпревар“. Тоа е МАКЕДОНИЈА на терен.

А ние што добиваме?

Програма во која редовно гледаме спортови што немаат никаква допирна точка со Македонија.
Преноси без публика, без контекст, без значење за домашниот гледач. А кога конечно имаш приказна дома следи… тишина.

Првиот меч во Атина. Вториот во Охрид. Сала ќе гори. Градот ќе живее за тие 60 минути.

На МТВ најверојатно ќе ја гледаме по десети пат репризата од некој фудбалски натпревар со 15 навивачи на трибините.

И затоа прашањето не е дали направиле грешка.
Прашањето е — до кога ќе се однесуваат како ракометот да е карлинг? Јас знам, нам нема да ни треба пренос за да гледаме ракомет, ќе се снајдеме.
Ама очигледно ќе ни треба нова телевизија за да си ја сакаме Македонија.

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...