Фото РФМ
Голем камен ни падна од срцето на сите. Некои веруваа, некои не, некои песимисти, некои оптимисти. Верувам нема искрен Македонец кој синоќа не беше пресреќен по победата на ракометарите.
Одигравме убав натпревар, борбен, машки. Видовме жар, страст, желба за победа, самодоверба. Имавме неколку исклучителни поединци, но најважно од се делувавме како Тим.
Имаше прекрасни кадри, издвојувам неколку, заедно со насловната многу кажуваат.


Верувам дека ракометна Македонија го преживеа својот Титаник. Тежок период во кој мала земја како нашата, изврши транзиција од една генерација кон некои нови. Процес кој траеше можеби предолго и кој можеби и не е сеуште завршен, но кој со најмала можна платена цена полека го приведуваме кон крајот.
И како што милува да каже Ѓоргон, од малиот базен кој го имаме, успеваме да извадиме критична бројка на ракометари кадарни да бидат сериозни репрезентативци.
Мојот REBUILD, актуелен, го потврдија многу ракометни авторитети, секој со свое видување. Но факт е дека над Македонија се роди ново сонце ракометно.
Како јас го гледам следниот натпревар, баражот за светско со Фарски острови на пример? Прилика да му симнеме капа на еден исклучителен борец, човек кој дал навистина многу за Македонија, Никола Марковски. Да го одмориме Велковски, на таа позиција да им дадеме минути, покрај на Томи, кој потврди за каков борец станува збор, на Серафимов и Николов Филип. На лев бек Атанасијевиќ, покрај Фитиљот и Џонов, на црта минути и за Коки Петров. Во пошироката слика се и Стојковиќ и Стојчевиќ, двајца горостаси со кои треба да бидеме доста трпеливи, Јорданов на лев и Ѓорговски доколку заигра во клубот. Од помладите Калајџиевски, од најмладите Митев помалиот и Ристески. Македонија има уште потенцијал младински и кадетски, а нив годинава ќе имаме шанса да ги гледаме на интернационална сцена.
Натпреварот кажа многу повеќе од сите пера што ќе напишат, на нас останува да дадеме безусловна поддршка на Македонија, на селекторoт и на играчите, да критикуваме аргументирано и да ја сакаме Македонија каква што е !
Македoнија е се што имаме !!!
ПС Во REBULID от оставам место и за Талески кој покажа дека може, кога има кој да носи одлука, а тој да испорача.