Начевски и Николов, Суперлига од 10 екипи за доброто на Македонскиот ракомет !

Да се биде прв во светот е навистина голема работа. Македонија за среќа родила такви синови. Славе и Џоле, со години се дел од кремот на светскиот ракомет. Ние пак од САМО РАКОМЕТ, сме привилегирани да имаме такви пријатели, соговорници… Уживајте
Македонија – Аргентина !

Магливо влегуваме во 2023 тата година од таканареченото современо време. Незаборавајќи што се се случуваше изминативе неколку години, фокусот на безличноста уништувањето на моралот и традиционалните вредности, алчноста на моќните, лицемерието и криминалот, хм средниот мрачен век ми делува како детска серија. Македонија е една од жртвите на актуелните владеачки мрачни сили, и само благодарејќи […]
“ФИЛЕ, ТИ БЛАГОДАРАМ”“Р.К. АЛКАЛОИД, ВИ ЧЕСТИТАМ”

Фото РК Алкалоид Текст со ДВА НАСЛОВА Некако со Филе (на јавноста познат како Виктор Христоски) ни тргна, во нашите текстови, често дани се провејуваат и мудрости (секако не мислам на наши мудрости, далеку сме ние од таакатегорија, мислам на оние народните), па така и овој пат неминовно овој текст да го почнам вотој стил. […]
Ракометна 2022, или како перото на САМОРАКОМЕТ ја преживеа?

Фото: Италијанскиот цртач Марио Импорта ја прикажува Европската Унија како нацистички логор на смртта во Аушвиц, а британскиот премиер Борис Џонсон како затвореник кој бега. Ракометната 2021 ја заклучив со репликата на мојот некогаш многу драг пријател, Спортот е поздрав од политиката. Годинава 2022, ја потврди неговата теза повторно. 2022 во светот и кај нас […]
Скопје домаќин на GLOBAL HANDBALL SUMMIT 2023

Една идеја за собир на еминентни ракометни работници, со цел на надополнување на знаењата, во јануари ќе доживее премиера. Со Горан Стојков разговараме за овој несекојдневен настан, за гостите за говорниците. Нема да пропуштиме да дознаеме нешто повеќе и за состојбите во Вардар и во Македонскиот ракомет. Погледнете …
Битолската публика со подршка за Модриќ и Меси?

Фото РК Еурофарм Пелистер Не паметам од потпишувањето на ракометната платформа навака, толку малку публика во Битола на сериозен натпревар. Што се случи? И покрај повиците на клубот но и на верните навивачи по социјалните медиуми, да дојдат и да дадат подршка, таа изостана. Дали фудбалот е во толкава мера доминантен или едноставно трпението на […]
Компјутерска дијагностика, Еурофарм Пелистер CHECK ENGINE !

Фото РК Еурофарм Пелистер Често како водилка во коментарите после битката емоциите доминираат. Овој пат пристапот малку поинженерски. Ќе зборуваме со бројки. Во некои наслови пишуваше дека Пелистер изиграл лошо во првото полувреме и тоа го чинело пораз. Флоскула, за овој збор во Дигиталниот речник на Македонскиот јазик стои следново објаснување: Општ израз што има […]
Клуб репрезентација за спас на Македонскиот женски ракомет !

Фото РФМ Имавме исклучителна привилегија на гости да ни дојде Тања Андрејева. Тања е една од Македонските најуспешни ракометарки и клубски и репрезентативно. Посветена со сето свое срце на ракометот отворено зборува за минатото и сегашноста. Македонскиот женски ракомет го допира дното. Има ли надеж? По примерот на Црна Гора, клуб репрезентација е единствено решение […]
За Пелистер, бодовите најважни!

Фото Еурофарм Пелистер Неможам да се дистанцирам од политичките состојби. За љубов се потребни двајца, за кавга исто. Русите се лоши, Украинците добри? Се прашувам зошто се сместени 2500 километри од дома? Во студенилото на дизелдорфската сала, црвената боја на верните македонски навивачи ми го стопли срцето. Колку е болно кога сиот таканаречен европски цивилизиран […]
Статистиката никогаш не лаже!

Фото РК Еурофарм Пелистер Пелистер загуби од фаворитот Берлин. Очекувано и разликата не беше така мала. И германците се подобар тим, имаат поширок ростер, имаат подобар ритам во сезоната и верувам и подобра сала. Она што низ статистичките податоци запнува за око е следново: Двата тима имаа упатено подеднаков број на удари кон голот, 54. […]
