Доберманите на Червар и нашите …

Фото РФМ

Длабоко размислувам на што се должи антагонизмот кон репрезентацијата, стручниот штаб, федерацијата, играчите?

Кој и со што го храни? Јас сведочам дека изминативе педесетина години нашето општество се соочи со мал милион предизвици, предавства, кражби, убиства, омаловажување, измама, да продолжам…?

Но таквo ниво на омраза и навреди не сретнав!

Зошто Ракометот стана поле за артикулирање на општествени и лични фрустрации?

Во моментов немам точен одговор но имам подготвено теза, за неа во некои други времиња, сега, за сега.

Мојата маленкост ги забележа следниве недостатоци:

Во игра 1 на 1 ги губиме безмалку сите дуели. Многи ретко Кузмановски и инцидентно Серафимов можеби Ѓоргиев ќе пробиеа. Во напад со играч повеќе не можеме да реализираме. На цело светско имавме не повеќе од 5 шутеви зад линијата од 9. Техничките грешки и зaгубените топки наш заштитен знак.

Во одбраната пак ги изгубивме сите дуели, ракометарите не стигаа ни фаул да направат, пикерите живот живееја во нашата зона. Нивото на агресивност на нашата репрезентација драматично ниско.

Имав со Бице исклучителна чест и привилегија да присуствувам на неодамна одржаниот Global Handball Sumitt, прв од таков тип и тоа во Македонија во Скопје. Бевме на едно фантастично предавање на еден од најдобрите во својот занает. Лино Червар, зборуваше за предизвиците, за искуствата, за методите. Во освртот на освојувањето на една светска титула, рече: Игравме зона 3-2-1, позната и предвидлива, но јас имав во зоната “Добермани” !

Не, не жалам за поразите, познавачите и кладилниците ги прогнозираа, жалам за спуштениот гард, за загубените погледи, за виснатите рамења, за бледите лица.

Деца наши, вистинскиот свет е жесток и суров !

Ова светско иако ќе треба брзо да го заборавиме, всушност долго ќе го паметиме. На клучните натпревари на сите три полувремиња губевме со 18-11, на небитните два пати победивме 40-25 (постои можност и за уште една победа). Куриозитет !

Дијагноза прецизна немаме, се формира, терапија ефикасна редоследно ќе биде препишана, но предлагам овие наши момци да излезат од конфорната зона, да постават високи цели, да работат жестоко и натпреварот Исланд Шведска да го гледаат три пати неделно.

А за нас останатите, поглед во огледало и малку лево десно, прашање како може да придонесеме во изградба на поквалитетно општество и поздрави генерации?

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...