ПОТОП

Ух, денов три дена. Тргнавме вечерта од Краков после одличниот дуел Норвешка-Холандија, стигнавме за 23 часа во Скопје. Денес конечно можност да се сумира тоа што се случи во вторникот на 17 ти јануари, во Таурон.

Првата асоцијација за поразот, од насловот. Следат моменти во кој пребаруваш и прашуваш, каде погрешивме, па моменти на прифаќање на реалноста, момент кога оплакуваш, се средуваш, ја тресеш прашината и велиш, мора да продолжиме.

Во пресрет на ова првенство, бевме свесни за две работи. Рејтингот на Македонија во оваа исклучително тешка група е најлош од сите. Тоа се потврди. Македонија нема квалитетни играчи, нема лидери, за жал и тоа се потврди.

Но, факт е дека не бевме свесни дека толку малку ќе се бориме. Не, сеуште нема да ја отвориме пандорината кутија на статистиката, таа ќе ја оставиме за една подетална анализа по крајот на светското, но неминовно се наметнува прашањето, Зошто една плејада на играчи така слабо се бореа?

На 24 септември сега веќе далечната 2011 година, една мала жолто црвена група, борци, подржани од трибините од една сериозна толпа, сега веќе наречена Фаланга, во Литванија, на европското во кошарка, заледи многу литвански срца. На 24 март не така одамна, 2022 година, иста една таква жолто црвена група, со големо срце, замолкна милиони италијански тифози. Македонија го елиминира фудбалскиот гигант.

Паралелава спортска, не да маргинализира, да потсети, така е во спортот. Но сепак, разочарувањето на Македонската фаланга со право. Се чувствуваше на трибините. Некои не издржаа, некои џентлменски, некои спокојни.

Прашања повеќе, одговори ќе бараме во неделите кои доаѓаат.

Дали е ова најдоброто што Македонија може да го селектира? Дали стручниот штаб добро ја заврши својата работа ? Дали играчите дадоа се од себе? Дали лидерите потфрлија?

Далечната 2009, уште едена жолто црвена група, замолкна една империја, ме потсети синоќа една икона, лево крилна.

Македонија ја победи моќната Русија во ракомет на светското првенство во Хрватска. И тогаш во тимот немавте ѕвезди, ама имавте борци, рече !

Светското како да е зад нас веќе, иако најдоброто допрва доаѓа, иако нашите имаат уште 4 натпревари за играње.

Темплејтот бетониран, Кон поразот на Македонија од Аргентина, во пресрет на Президент Купот

Од Скопје, главниот град на едно слепо црево, за САМО РАКОМЕТ Виктор Христоски

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...