Клуб репрезентација за спас на Македонскиот женски ракомет !

Фото РФМ Имавме исклучителна привилегија на гости да ни дојде Тања Андрејева. Тања е една од Македонските најуспешни ракометарки и клубски и репрезентативно. Посветена со сето свое срце на ракометот отворено зборува за минатото и сегашноста. Македонскиот женски ракомет го допира дното. Има ли надеж? По примерот на Црна Гора, клуб репрезентација е единствено решение […]

Томи се враќа дома !

Томи Јагуриновски е дел од новиот македонски ракометен бран. Веќе во 2018 беше јасно дека ракометната иднина му е светла. Како живее, како донесува одлуки. Кои се неговите слабости и добри страни. Од следната сезона се враќа дома, во Вардар. Го прашавме Томи и за следното светско, погледнете…

САМО РАКОМЕТ С2Е4, Систематски преглед

Виктор и Бице со мала рекапитулација за Македонскиот ракомет. Вардар, Пелистер, Алкалоид, Македонските машка и женска репрезентација. Како ќе изгледа ракометот од иднината само претпоставуваат. Последен повик до секој љубител на ракометот, на спортот, да погледне барем еден натпревар од европското во Скопје, независно од цената на билетот! Подршката пристигна од РФМ со субвенција до […]

Анте Гаџа: Во Вардар има само Прва Виолина ! С2Е3

Анте Гаџа е првиот наш гостин од немакедонско говорно подрачје. Што се случува со играчот кога ќе се повреди, колку е тешко да си на трибини. Со Анте зборувавме за ракометот за најдобрите 7, најдобриот тренер, за Хрватска и Македонија, Го прашавме дали Вардар има маани… Одличен соговорник, погледнете…

Љубомир Савевски: Да скинеме еден скалп ! С2Е2

Со една од ракометните живи легенди, разговараме за сосотојбите во женскиот ракомет во Македонија. Има ли надеж, има ли потенцијал, како да создадеме играчи. Каква визија и план има за наредните години, што треба да работат федарацијата, клубовите но и играчите индивидуално. Малку и за РК Алкалоид, ама сепак само за ракомет ! Погледнете во […]

Борко Ристовски: Ваучерот е создаден за корупција! С2Е1

Во континуираните обиди, во склад со заложбата на САМО РАКОМЕТ, за подигање на нивото на Македонскиот ракомет, разговаравме со легендарниот Министер за Одбрана на Македонија, Борко Ристовски. Каде е сега, каква е неговата улога во Вардар? Какви се амбициите на Вардар ? Разговаравме и за состојбите во клубовите но најважно за состојбите во Македонскиот ракомет. […]

Дибиров се договори со Само Ракомет С1 Е14

По рецепт на големите ѕвезди од фудбалот, кошарката, хокејот, кои по крајот на играчката кариера продолжуваат во коментаторски води, ракометната легенда Тимур Дибиров се договори со Само Ракомет… Одбележуваме, крај на сезоната, две легенди се повлекоа, турнирот во чест на Марко Божиновски. Како Тимур си помина на првиот Ф4, кој се неговите фаворити, дали за […]

САМО РАКОМЕТ S1E13 Oдиме во КИНА со Иван Марковски.

Иван Марковски од самиот почеток на подкастот беше со нас. Бараме одговори за ракометни прашања. Македонската репрезентација и нашите два во моментов најдобри клубови, ни се во фокусот. Разговаравме за промените во играта за очекувањата во следната сезона. Дали Талески и Кузмановски конечно ги видовме во вистинско светло? Иван е со нов меѓународен предизвик, а […]

Немања Прибак, Најубавите ракометни години ми беа во Македонија! С1 Е12

Немања Прибак, своите најдобри ракометни денови ги помина во Вардар во Македонија. Разговаравме во еден не ракометен амбиент, во Новосадското Позориште, во предвечерјето на премиерата на Ричард III, во режија на најдобриот современ македонски тетарски режисер, Дејан Пројковски. Се разбира со Немања разговаравме за Ракомет! Првото доаѓање во Скопје, Вујо, Михајло, кариерата го носеше и […]

Политичкото влијание врз МРТВ, пресудно за преносите од Лигата на Шампиони? Podcast S1 E11.

Во подкастот со Марко Савовски откриваме неколку интересни детали за и околу Вардар. Како Марко воопшто дојде во Вардар, кои ритуали после натпревар биле клучни, за кого жали од поранешните играчи. Зошто во годините на голематa популарност во Вардар не се создадоа млади играчи? Каква национална стратегија е потребна за спонзорирањето? Дали Вардар намести барем […]