Трофеи што „тежат“, порази што болат и надеж што не згаснува – епилогот на една од најдраматичните ракометни сезони (втор дел)

Од Битола до Скопје, низ дерби возбудувања, млади ѕвезди и историски национални триумфи на Алкалоид во Европа – ракометната 2024/25 во две продолженија што го обликуваат идниот лик на македонскиот ракомет Се спушти завесата на една од најнеизвесните и нај израмнети сезони во историјата на македонскиот ракомет. Не дека не беше најавено, или не беше […]
„Театар“на терен, шоу без вкус на трибините

Меч за гурмани, што би рекол Витомир Долински во доцните осумдесетти години од минатиот век, известувајќи во тоа време за (не)успесите на Караорман или ракометниот клуб Струга, како дописник на националниот сервис. Така некако би изгледал насловот за натпреварот синоќа во Автокоманда. Без Фитиљ и екс титуларот од Келн во дресот на „двократниот“, Пелистер, успешно […]
EVERYTHING IS CRAZY…

Фото РК Вардар Со овие зборови тренерот на Пелистер го започна својот говор на тајмаутот во второто полувреме од финалниот натпревар за Купот на Македонија против Вардар! Чувството да се биде во сала, да се доживее атмосферата, да се почувствува енергијата од двете навивачки страни, просто незаменливо. Натпревар во сала и натпревар на ТВ, два […]
Македонија, каква досега не сме гледале!

Фото РФМ Чувството кога твојот тим победува, со еден збор не се опишува. Кој барем еднаш бил в сала, кога Македонските ракометни херои се пред тежок испит, да се биде или не, кога почетокот е исклучително тежок, но следи пресврт и крешендо, знае за што пишувам. Од временска дистанца, кога адреналинот веќе се стабилизира, сакам […]
Националната спортска гордост како локомотива на државата

Почитувана моја нацијо, јас гордо ќе кажам дека, овој национален тим, како атипичен пример во сивилото во кое битисува нашата држава во многу сегменти, благодарение во голема мера на најдобриот македонски спортист на сите времиња и вложувањата што ракометот константно ги има преку клубовите во Битола, Скопје, Кавадарци, Охрид…не смееме да го ставаме во иста […]
Во победата над Естонија, Македонија во ново светло

Фото Естонска Ракометна федерација Совршено ни е јасно дека нашиот таканаречен балкански менталитет, не издвојува по добри и по лоши особини. Од лошите една од најкруцијалните, малодушноста! МАЛОДУШНИОТ Вид збор: Придавка, ШТО Е БЕЗ ВЕРБА ВО СЕБЕ, НЕРЕШИТЕЛЕН. Пример: Не биди малодушен ќе се среди работата. Извор Дигитален речник на Македонскиот јазик. Токму оваа наша особина, […]
Македонскиот клупски ракомет во полн сјај

Алкалоид е финалист на ЕХФ Европскиот куп, и против грчки АЕК ќе го брка првиот европски трофеј во својата кратка историја, а само четврти за мак ракометот. Уморни од супер високиот ритам на натпревари кој го наметнува плејофот во македонското првенство, соочени со повреди на клучни играчи и со непријатна традиција на нашите екипи во […]
Алкалоид ќе „трча“ до финале, Битола демонстрираше ракометен талент

Ако пред турнирот мислевме дека Пелистер е Алем Хоџиќ и останатите (иако бројките зад Босанецот се импресивни), сега може да констатираме дека Пелистер има два, габаритни, солидно технички потковани голмани, за во перспектива, неколку модерни „зналци“ со средна висина на среден и лев бек, кои знаат да бидат досадни 1 на 1 и играат со […]
„Патувањето“ на Алкалоид и македонскиот ракометен плејоф

Разбирам и ривалство и борба за титула и револт и алергија (или осип на кожата) кон доскорешната ракометна влада, која е инкорпорирана во клубот од Автокоманда, но мораме да имаме мера и граница, особено кон оние што нешто направиле за оваа држава. Па имал тој некој и „лимон“ карактер и амбиција да ги контролира работите […]
Алкалоид „ги спакува“ Романците и посакува полн „Борис“ во полуфиналето

Веќе задутре, в среда, Алкалоид гостува во „Јане“ кај „двократниот“, во рамките на првото коло од плејофот. Тешка задача, во тежок период за освојувачот на Купот. Многу повредени играчи, неколку навредени играчи, замор и де фокус од домашниот ракомет, на сметка на успехот во Европа. Како благ аутсајдер, Лазаров, оди секогаш на победа, па така […]
