САМО РАКОМЕТ СЕЗОНА 1 ЕПИЗОДА 2 ! За Бабиќ, Вујовиќ, Велковски и Томовски.

За неделата во која посакувавме едно изненадување и една сензација. За билдањето на рејтингот во опаѓање на македонските клубови. За тренерите на Пелистер и Вардар, за влијанието на Велковски и Томовски на играта на своите клубови. И уште некои детали, забелешки и коментари во втората епизода со Бице, Иван и Виктор, погледнете … Скопје, Македонија

Вујовиќ има зошто да се лути !

Серијата на порази на Вардар продолжи. На гостувањето кај исклучително силните и добро мотивирани Пик, Вардар постојано беше во негатива. Притискаа, бркаа, се доближуваа но никако не успеваа. Првиот впечаток е дека бројот на изгубени топки беше пресуден. На натпреварот за волја на вистината и судиската двојка го привлече своето внимание. Некому поради впечатливите оптички […]

Така блиску а така далеку

Се обидовме низ шега да го најавиме дуелот во Сегед, а меѓу редови посакувавме изненадување, сензација. Вардар беше толку блиску, но не успеа. Низ мислите ми пролетуваат сликите од натпреварот. Од една страна врвната партија на Томовски, фантастичната енергија која овој скромен млад човек ја поседува. Тој од натпревар во натпревар ја потврдува својата вредност […]

Ο ΝΕΟΣ ΠΕΛΙΣΤΕΡΟΣ

Ете го видовме и тоа чудо. Додуша чудо имаше и пред натпреварот кога Бабиќ ја смени реториката, па од жалопојките дека “буџетот е тој”, дека “играчите се тие кои што се “ и сето тоа еднакво на “не барајте и не очекувајте многу од мене”, се помина на изјави од типот “Грците ќе удрат во […]

Во градот на саламите (кон PICK SZEGED – ВАРДАР)

Како беше порано. Доколку некој што себеси се смета дека е љубител на ракометот, а е од Македонија, или поточно кажано се смета дека е поддржувач на Вардар, сака да си ја само тестира својата верност кон овој клуб, доволно е да се сети на мечот Вардар – Пик Сегед, таму некаде во април, 2019 […]

САМО РАКОМЕТ СЕЗОНА 1 ЕПИЗОДА 1 !

Во петокот попладне снимавме, а во саботата во 19.00 часот беше премиерата на видео подкастот или како што вели Виктор Авто Плус, Влогот САМОРАКОМЕТ. Секоја недела ќе зборуваме само за ракомет. Ќе имаме многу интересни теми и уште поинтересни гости. Ќе отвараме прашања важни за македонскиот ракомет. Во фокусот ќе бидат македонските тимови, македонските играчи […]

Tака блиску а така далеку

Јас сеуште сум приврзаник на Големата Ракометна Тројка во Македонија. Пелистер, Вардар и Металург. Но факт е дека благодарение на мистичната политика на клубот од Автокоманда, тројката полека се распаѓа. Вториот ешалон се укрупнува и таму цврсто на две нозе стојат Пролет, Охрид и Бутел. Бутел го исконтролира натпреварот во кој однапред се се знаеше. […]

ЈАМБ ВО НАЈАВА, 10.11.21-17.10.21

Издвојуваме 5 за нас најинтересни натпревари во неделава што предстои. Aкцентот на домашните првенства со дуели и во македонската машка и женска супер лига. Но и два многу важни европски натпревари за Пелистер и ЖРК Вардар. 10.11.2021 19.00 ч Бутел Металург Супер Лига Одамна немало ситуација во која секој натпревар на Металург го очекуваме со нетрпение […]

Картонијада … црвена и тоа !

Спортот е убав и возбудлив и поради неизвесноста. Па така апслоутниот фаворит Веспрем сосема неочекувано но заслужено изгуби во Романија. Интензивниот натпревар уште во првото полувреме понуди многу возбуда, а српските судии беа постојано на испит. Се редеа црвени картони, први настрадаа гостите, погледнете: Веспрем беше во континуирана потера по значително засилените романци. Израмнување на […]

Неки нови клинци …

Поминаа повеќе од 40 години откако панонскиот морнар ја отпеа Неки нови клинци. Во деценииве кои изминаа често ја врзуваа со појава на нов бран, нова снага, нова енергија кај младите. Денеска песната совршено ја опишува херојската победа на младите пелистерци против двократниот европски шампион. Некако во сенка на премиер лигашкиот ден и еден куп […]