Висооок Пелистер !

Татабања е град отприлика како и Битола, да имавме реална демографска слика и прецизно ќе ја забележевме разликата.

Но исклучително прецизно ја бележевме разликата на семафорот. Па за ваква ситуација имаме ние неколку термини, метла, мачкање, газење, ги молам чкембари да допишат нешто и од нивниот репертоар.

Бабиќ овојпат на високо ниво. И ако исклучително ценетиот Драган Џукиќ во своето дело ” 3-2-1 Враќање на корените” фантастично ја објасни и долови големината на 3-2-1 одбраната, овојпат Бабиќ магистрира на 6-0 !

Иако воведните десетина минути наговестуваа една безмалку пријателска средба, следеше распад на унгарците. Битолчани играа феноменално !

Одбраната брза и подвижна, ги фрустрираше олдтајмерите на Татабања. Тие башка стари, башка тешки, башка и не баш мотивирани, брзо се предадоа. Џукиќ се обиде да ги разбуди но не успеа. Во услови на безмалку беспрекорна одбрана, јаготката на шлагот, искусниот Секељи на голот, ги дотолчи унгарците. Во добар дел од натпреварот беше на 50 проценти !!!

Во нападот Пелистер, уште подобар од дуелот со атињаните. Уште неможам да се помирам дека во еден период стрепевме од ракометарите од земјата на гирото и суфлакито ! Разновидно и стрпливо. Периќу, простено ти е за се. Ти си легитимен лидер на овој тим. Мандалиниќу, јасно е, кога си оружје од втор план си најопасен. А хаубиците овојпат се зацрвенеа, Мараш и Табоада распалиа жестоко.

Иван Марковски беше во право, јас потајно се надевав, битолчани не толку стрпливи кон него, но Велковски одигра одлично. Стабилен, без грешка, во два правци, без да погоди, имаше голема улога во течноста на акциите и лесната реализација. Марковски и Куковски, преродени, бедем пред голот.

Е сега факт е дека Татабања не е во некоја врвна форма, менуваа тренери, но Пелистер конечно демонстрираше сила и став со кој конечно ќе може да излезе од сенката на клуб со ограничен буџет.

Да не беше “garbage time” от, разликата можеби ќе отидеше и над 20 !

Одличен натпревар за Битола, за Бабиќ, за Македонија…

Ах да Пелистер сепак е 2601 мнв а Татабања е едвај на 167 мнв.

23.11.2021 Под Пелистер

ЕХФ Европска Лига

Еурофарм Пелистер 33 Татабања 20

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...