Без добар наслов, кон Киелце Барса

Каков текст имав подготвено, а насловот, што би рекол Бице, за Пулицер. Ама за расплетот во кој Барса победува!

Мечот на неделата, во кој Барселона пристигна по одмазда за расипаната прослава на јубилејот, во одличен тајминг за нас, ден после Пелистер, ден пред Вардар. Е сега елементи кои чинат една ваква пресметка врвна и дерби имаше ама и немаше.

Еве прво од добрите: Два врвни тима во борба за првото место во групата. Гостите дојдени по одмазда. Амбиентот одличен, пољаците се навистина добра публика, верна. Тренерите врвни. Звезди еден куп, повеќе на страната на шпанците. Многу добри акции, индивидуални потези и врвни одбрани. Неизвесност, трилер и драма во последните минути од натпреварот.

Ајде сега лошите. Повеќе технички грешки и изгубени топки, (по којзнае кој пат ЕХФ во графата со нули кај двата тима-катастрофа) од дербито во македонската прва лига викендов. Пасови во аут и лошо фрлени контри како на тренинг. Публика на loop, па безмалку до последните неколку минути, монотоно. Шутеви крај и над гол? Тренер како Ортега загубен во преводот во последните минути, акција за цепелин од мртов агол… имаше уште !

Она што секако е за почит е играта на пољаците, без исклучителни имиња ако ги исклучиме бившите вардарци Караќиќ и Душебајев и голманот Волф, тие беа со ладни глави цел натпревар. Притискаа, гризеа и беа сигурни во себе. И кога не одеше и кога губеа по 4-5 разлика не паничеа и ја играа својата игра. Талант, Браво, не попусто толку често низ годините те колневме.

Од друга страна, ѕвездениот тим помалку во облаци, толку многу несватливи и помалку глупави потези на еден натпревар, непростливо. 52 та минута беше во тек кога Гомез Абељо го постингна последниот гол за Барса за верувале или не до крај да не постигнат ниту еден а да примат 6.

Статистички пак погледнато Барса беше подобра во сите категории, нелогично нели !

Честитки за пољаците, се надевам дека со нив ќе се сретнеме во некоја друга сезона не годинава!

24.11.2021 Полска

ЕХФ лига на Шампиони

Киелце 29 Барселона 27

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...