(Црвено) ЦРНИ денови

Во деновите кога Македонија се соочи со една од најголемите свои трагедии, кога загинаа многу македонски граѓани, ракометниот живот сепак мора да продолжи.

Вујовиќ на една од оние прес конференции по воведните успеси на Вардар, ги предвиде овие порази. Тој беше свесен за вредноста на својот тим. Дибиров рече дека ако добро се работи резултатите ќе дојдат. Значи всушност црвено црното семејство не би требало да се грижи.

Но дали навистина е така?

Ракометните кулоари говорат нешто малку поинаку. Михајловски дојде да го спаси Вардар, е веќе повеќепати повторена теза. Никаде, па ниту меѓу редови не се наслутува дека тој и ќе го води Вардар. На последната прес конференција воочи реваншот со Пик, реториката се повтори. Потребна е помош, ако нема свест државата, ако не се вклучат големите компании… Спортот не едноставен. Бара многу вложување, финанси, човечки ресурси.

Вардар очигледно е на крстопат. Михалјо нема енергија да биде фронтмен на клубот. Потребни се свежи луѓе но и нови финасиери, за да можеме долго да уживаме во ексклузивноста на играње на ЕХФ Лига на Шампиони со кремот од ракометот.

Ах, да, ракометно, Вардар е така блиску, но Вујо рече дека овојпат ПИК нема да ги потцени и дека поголеми се шансите тие да изненадат со нешто ново во играта отколку Вардар.

На кратко, ако ПИК не изненади и ако повторно тера на плеќите на пред се Бомбач и Мартенс, тогаш Вардар со повеќе дисциплина, со поголема агресивност во одбраната и со помош на публиката би имал шанси. Во спротивно… коефициентите ( 1,45 за победа на ПИК, 3,80 за победа на Вардар) за жал се реални.

Четврток 25,11,2021 Јане, 20:45 ч

Вардар Пик

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...