Така блиску а така далеку

Се обидовме низ шега да го најавиме дуелот во Сегед, а меѓу редови посакувавме изненадување, сензација.

Вардар беше толку блиску, но не успеа.

Низ мислите ми пролетуваат сликите од натпреварот. Од една страна врвната партија на Томовски, фантастичната енергија која овој скромен млад човек ја поседува. Тој од натпревар во натпревар ја потврдува својата вредност а можеби наскоро и својата врвна класа. Играч од кој македонскиот ракомет многу добива.

За жал од друга страна се редат сликите на лудите пасови, неразбирливите додавања, no look, ух боли.

Дејан Бомбач, беше човекот кој правеше разлика.

На Вардар му недостасуваа неколку … месеци за да го уигра тимот. Но разликата овој пат е и во позадината. Вардар за разлика од Пик веќе не е така стабилен клуб. И ако само ги погледнеме случувањата околу клубовите ќе се види разликата. Да се надеваме дека после спасителот во Вардар ќе дојде и визионерот кој ќе ги постави целите и патоказите за остварување. За македонскиот клубски ракомет долго да биде дел од елитата.

Натпреварот како и да е ќе го пaметиме по вонсериското постигнување на сега веќе живата вардарова легенда Тимур Дибиров. Преку 1000 голови, капа доле мајсторе !

25 ноември ќе го чекаме со срце и душа, да му оддадеме почит на големиот Тимур, и да го видиме Вардар како победува.

Во градот на саламите

18.11.2021 ЕХФ Лига на Шампиони

ПИК 34 Вардар 31

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...