АЛКАЛОИД ГО “ПРЕПЛИВА” НАДМЕНИОТ И НЕРВОЗЕН ВАРДАР, ДОБИВАЈЌИ КРИЛЈА СО КОИ ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГО “ПРЕЛЕТА” РАКОМЕТНО СУПЕР-ВИСОКИОТ ПЕЛИСТЕР

АЛКАЛОИД ГО “ПРЕПЛИВА” НАДМЕНИОТ И НЕРВОЗЕН ВАРДАР, ДОБИВАЈЌИ КРИЛЈА СО КОИ ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГО “ПРЕЛЕТА” РАКОМЕТНО СУПЕР-ВИСОКИОТ ПЕЛИСТЕР

Пелистер одбројува, Вардар се надева, Охрид прославува, а „луѓето во црно“ ги „одредија“ учесниците на завршните турнири

Познати се учесниците завршните турнири во ЛЕ и ЛШ, овозможувајќи ни одлични натпревари, големи пресврти и неизвесни завршници. Во ЛШ, од фазата Келн не е тоа што треба да биде без германска екипа, премина во фазата на два претставника во имињата на актуелниот шампион Магдебург и „(нај)големиот“ Кил. Покрај нив во Келн ќе ги видиме […]

Пелистер ја брани титулата!

Ракометниот викенд, за кој често имав забелешки околу термините, почнува денес. Браво, така треба, ќе ги гледам безмалку сите натпревари со доволно време за подготовка и сумирање впечатоци.

ТИКВЕШ НЕМОЌЕН ПРОТИВ ВИСОКАТА ЗОНА НА АЛКАЛОИД, ОХРИД ПРОДОЛЖУВА ДА ГО СОНУВА ШАМПИОНСКИОТ СОН

Триумф на Алкалоид, четврти во меѓусебните дуели во тековното првенство, овој пат на гостински терен во Кавадарци, е епилогот од натпреварот кој требаше да даде одговор на прашањето, дали Тиквеш ќе продолжи да сонува учество во Европа следната година.

Уметникот, Мечката и Пантерот му го земаа „скалпот“ на Шампионот, ќе дочека ли „двократниот“ киск на Битолчани?

Што се однеусва до атмосферата, ако во Автокоманда „мирисаше“ на освојување титули, пред „Јане Сандански“, а и внатре, се наликуваше на (нај)убавите години, кога Вардар „ја стави Европа под нозе“, младо и старо, машко и женско, на нозе се кренало, да го бодри „двократниот“, да го бодри последниот бастион на МАКЕДОНШТИНАТА, барем за нас, кои живееме тука, во Скопје. Одлична посетеност (за работен ден) од вистински вљубеници во брендот Вардар, кој нешто порано тој ден објави соработка со големиот ракометен бренд Кемпа, кој препозна одлична база на навивачи, следбеници, препозна можеби враќање на Вардар на големата сцена, со свои математики за поддршка на истиот.

Каде се екс Вардарците пак?

Фактот дека вкупно 36 ракометари (под претпоставка дека не сум промашил некој) продефилирале низ Јане, во купот не се двократниот освојувач на Лигата на Шампиони, Јања Војводиќ и контроверзниот Оцвирк, во само неколку сезони, плус дваесетината Битолчани, ме фрапира. На таа бројка ако ги додадеме и уште една не така мала група странци во останатите клубови, можеби и ќе стигнеме до СТОТКА !?

ТИКВЕШ ПРИЈАТЕЛСКИ ГО НАМАЧИ ШАМПИОНОТ. „ГЕРМАНЦИТЕ“ ВО САЛА,  СУДИИТЕ НА ТАПЕТ

Фото: gol.mk Во сенка или во исчекување на неделното дерби, ден порано во Кавадарци, се одигра уште еден важен натпревар, каде домаќинот го пречека шампионот Пелистер. Со мојот пријател Виктор бевме на лице место, и од аспект на атмосферата која ја затекнавме и „инцидентот“ со црните маички за Аир Струга, може да прочитате во неговата […]

ВАРДАР НА ОСНОВА НА „ТРИТЕ СТОЛБА“ ТРИУМФАЛНО НИЗ АВТОКОМАНДА. ЗАГРИЖУВА СОСТОЈБАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ИГРАЧИ ВО ТИМОТ НА СЕЛЕКТОРОТ

Фото: РК Алкалоид / РК Вардар „Враќањето на Џедајот“ во Автокоманда носи нова надеж за Вардарци, дека не е се загубено во битката за титулата. „Џедајот“ со персонификација во македонскиот „самурај“, поддржан од „црниот пантер“ и „големата мечка“ во еден здив ги „изедоа“ децата на Кралот. И сега некој ќе рече, цело време, децата на […]

Македонски Ракометни Прегрупирања !?

Фото РК Вардар Викендов исполнет со ракомет, ми понуди неколку теми за размислување, но ми откри и нешто сосема ново. Во фокусот натпреварите во Јасмин и Автокоманда, иако факт е дека и тој во Пролет имал што да понуди. Патувањето од сагата Ракометен туризам, не одведе повторно во Кавадарци. И веднаш ќе заклучам, девојките од […]