СКАНДИНАВКА

Иронијата на современиот висококвалитетен ракомет е во скандинавските клубови. Врвните репрезентативни резултати на безмалку сите скандинавски земји на безмалку сите планетарни натпреварувања ниту еднаш не беа испратени со клубски успеси. Фрустрацијата пак на скандинавските играчи од играњето во германските клубови низ призмата на само еден податок звучи вака: германските клубови вкупно освоиле 21 титула во […]
ЈАМБ ВО НАЈАВА, 17.05.21-23.05.21

Неделава фокусот на Лигата на Шампиони но и на Македонската Супер Лига. Огромен број на одлични дуели и во машката и во женската македонска лига. 19.05.2021 18.45 ч ПСЖ Кил ЕХФ ЛШ Реванш натпревар во кој германците пристигаат со 2 гола предност. https://samorakomet.mk/posle-bitka/kil-sepak-shampionski/ Делува мала предност но дали ќе биде достижна? 19.05.2021 20.45 ч Фленсбур […]
Титули за Куманово и Вардар

Конечно дуели за титула. Како помалку да заборавивме дека натпреварит се играат за пехари и медали. Во Автокоманда, која однадвор заликува малку на етноселата на Кустурица, најпрво се одигра финалето во женска конкуренција. Куманово во одбрана на својот прв освоен куп тргна доста сериозно. Играше 6-0 во одбраната и се потпираше на корпулентноста и агресивноста, […]
За жал, кадетско …

Петок, резервиран за двата полуфинални дуели на купот на Македонија, во женска категорија. Во првиот дуел, актуелниот освојувач, Куманово, се соочи со условно домаќинот Металург. Иако со пола постава репрезентативки, Куманово сепак не успеваше да создаде разлика. Неколкупати се менуваше водството, а минимална разлика правеа, за Куманово репрезентативката Боризовска на центар, а за Металург, поранешната […]
La Résistance

Кога Француските герилци подпомогнати од локалното население решија да се спротивстават на нацистичка Германија го формираа движењето на отпорот. Победата за сојузниците со ваква подршка од теренот беше неминовна. Кога семоќниот и непоразен одпоодамна Вешпрем се закани дека ке го покори Нант и поведе со сериозна разлика, погодувајќи од сите позиции, французите мораа да се […]
Во автокоманда без изненадување

Преубав ракометен ден. Во Скопје во салата автокоманда двете полуфиналиња во машка конкуренција. А потоа уште два натпревари во лигата на шампиони. Уживање за секој ракометен сладокусец. Во првиот дуел, Вардар на искуство и сепак на посилен ростер, иако не без проблем сепак успеа да го детронизира Металург. Металурзите беа подготвени за напад, но играа […]
Кил, сепак шампионски

Во коментарите на експертите или добрите познавачи на ракометот, често среќаваме фраза: Подготовка на натпреварот. За мене гуруто, Червар, велеше натпреварот од недела мора да го добиеш во среда најдоцна. Значи, никогаш непрежалениот, но и баеѓи кабает со бекството, Гонзалес во првото полувреме конечно покажа зошто е можеби еден од најдобрите ракометни тренери на денешницата. […]
Be Brave

Големата Барса препознатлива по својот убиствен напад со висока реализација од безмалку 37 голови по натпревар, во рамките на лигата на шампиони, денеска натпреварот го доби играјќи пред се одбрана. Тие играа активна и агресивна одбрана и воопшто не се срамеа. Во првите 10 минути им ставиа дознаење на прилично десеткуваните домаќини дека се дојдени […]
Иван Марковски

Фото РК Металург Легендарното македонско крило Иван Марковски, претставник на новиот бран македонски ракометни стратези. Со Иван разговараме зошто трчањето е толку важен сегмент од новиот ракомет. Кога почнува одбраната и дали одбраната го добива натпреварот? Каков Металург ќе гледаме од есен ? Како успеа да ги задржи Серафимов и Додиќ? Го најавуваме интервјуто со […]
КУП

Купот на Македонија во ракомет е елиминациски ракометен турнир кој се одржува секоја година. Тоа е втора најважна национална титула во македонскиот ракомет после титулата Шампион во машка и женска конкуренција. Актуелен освојувач на купот во машка конкуренција е Металург, а во женска конкуренција тоа е екипата на Куманово. Интересно, тие се освоени во 2019 година. […]
