СКАНДИНАВКА

Иронијата на современиот висококвалитетен ракомет е во скандинавските клубови. Врвните репрезентативни резултати на безмалку сите скандинавски земји на безмалку сите планетарни натпреварувања ниту еднаш не беа испратени со клубски успеси.

Фрустрацијата пак на скандинавските играчи од играњето во германските клубови низ призмата на само еден податок звучи вака: германските клубови вкупно освоиле 21 титула во лигата на шампионите а скандинавските (Шведска, Норвешка, Данска, Финска па еве и Исланд) само ЕДНА !

Дали најавата за моќен Олборг, во следните сезони е со цел кршење на проклетството ? Можеби и не но дефинитивно е импусл и за овој ваков Олборг да заигра на повисоко ниво.

Четвртиот дуел од четвртфиналето на ЕХФ ЛШ, кој не го коментиравме непосредно по завршетокот, како јагодка на шлагот го изгледавме со дистанца од неколку денови. Одличен дуел!

Германската скандинавска колонија не ги оправда епитетите па најверојатно овојпат ни платите. Забележувам премалку реакции и од тренерот Макула. А него како да не му е првпат да се подзагуби. Во поставата премалку германски штоф, а и тоа што го имаше во ликот и делото на Гола, практично катастрофално. Единствен залутан но безмалку совршен нашиот Буриќ на голот.

Од друга страна, врвна претстава од бековите. Брзи и безмилосни решетаа од сите страни. Необично за скандинавски ракомет премалку голови од крило и пивот. Во одбраната на германците ја скенираа спороста на Гола и Халд на 3 и 4 и ги разбија токму таму. Макула во ниту еден момент не ја смени одбраната. Кога Буриќ почна да фаќа скоро се, данците пробаа и 7 на 6 и брз центар, но сепак првичната формула повторно на снага. Клар, Сандел и Молгард ракетираа а Агефорс бранеше се.

Се почуствува недостаток на десен бек, Ред во рана фаза се повреди, недостаток на тимски дух, и недостаток на тактички реакции од тренерот кај Германците.

Се почувствува огромна самодоверба и решеност кај данците.

Пред некој ден таму на северот

ЕХФ ЛШ Четвртфинале прв дуел

Олборг 26 Фленсбург 21

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...