Не е тајна дека сите мои симпатии беа на страната на Нант. Дека Вешпрем е еден од немезесите на македонските клубови, Вардар најдобро знае, исто така не е тајна. Дека спортските сладокусци уживаат во изненадувањата е повеќе од јасно.
Од друга страна колку Вешпрем можеше да ни биде, а не ни стана омилен, после погромот на играчи, тренери па и сиот останат важен персонал, кондициски, физио… навистина не е јасно!
По шокантаната елиминација на Киелце, Нант храбро се впушти во рушењето на уште еден ракометен Голијат. И успеа.
После првата победа од +4, разочарувачки малку, оти Нант имаше и +7 или +8, делуваше дека Вешпрем со сиот свој фантастичен ростер, и за чудо за првпат полни трибини (за кои искрено сеуште не ми е јасно како е можно), е кадарен да надополни.
Но не беше така. Французите тргнаа посигурно од колку што се очекуваше. Играа брзо и лесно реализираа. Во одбрана осички, досадни и агресивни. Наметнаа своја игра. Унгарците спори во одбрана, тешки, лесно остануваа со празни раце, а доколку дофатеа нешто следеше заслужено исклучување. Доказот за ароганцијата во одбраната беа трите исклуувања на Дрвосечачот, како и многуте голови од крило и пикер за Нант.
Како во брзите акциони филмови, ама таму се е предвидено и ако неуспее има нов кадар, Дејвис ги менуваше играчите. Ќе речев гулаш, ама всушност повеќе турлитава. Кога ќе влезе во ритам Ненадиќ, ќе го извади, кога го има Борозан, ќе го стави Маркусен кој имам впечаток 2-3 години нема играно. И така некако во играта за гол повеќе, која Ентрериос очигледно му ја прифати на Дејвис, овој вториов заборави на разликата. А таа не беше гол беше четири!
Од друга страна пак овој првиов, шпанецов, во духот на отпорот против црните сили, имаше и еден адут во раката плус. Го нарекуваат со различни имиња, Капитенот долго ми беше омилено, но вчера сватив дека неговото име е Тhe KING, Кралот !
На една предавање на Лино Червар, тој се осврна на статистиката како надмината категорија за оцена на придонесот на еден играч. Сега разбрав точно на што мисли. Попусто Ненадиќ и компанија имаа врвни статистики, нив во клучните моменти ги немаше, промашуваа се лигавеа, трескаа од земја. Кралот, погодуваше, додаваше, го водеше отпорот кон Келн.
Сите комплименти и за шпанецот на клупата на Нант. Исклучително смирен, добро подготвил тактика и добро ги подготвил своите играчи. Кога ќе згустеше ќе го повикаше Лазаров во игра, па ќе поставеше 7 на 6.
Вешпрем во последните 10 минути имаше повеќе прилики да дојде до +4 ,но немаше јунак, покрај плеадата суперзведени ракометари. Тоа е судбината на арогантните клубови, каков што е унгарскиот првак.
Со огромна возбуда ќе го дочекаме Ф4 во Келн, навикнавме со години некој наши македонски херои да бидат во главна улога. Таму уште два гиганти и еден во најава.
Знаете, моето срце, е за ОТПОРОТ !
20.05.2021 Во земјата на чардашот и гулашот
ЕХФ ЛШ Четвртфинале реванш
Вешпрем 32 Отпорот 30