La Résistance

Кога Француските герилци подпомогнати од локалното население решија да се спротивстават на нацистичка Германија го формираа движењето на отпорот. Победата за сојузниците со ваква подршка од теренот беше неминовна.

Кога семоќниот и непоразен одпоодамна Вешпрем се закани дека ке го покори Нант и поведе со сериозна разлика, погодувајќи од сите позиции, французите мораа да се мобилизаираат. Вешпрем наметна фуриозно темпо, и делуваше дека се оди според планот на Дејвис. Но, Ентрериос повика тајмаут, ја смени одбраната, која како пирани почна да ги гризе бековите на Вешпрем. Во напад влезе ракометниот генијалец, Капитенот, кој со неколку голови и асистенции го крена моралот на отпорот. Се вклучи и симпатичниот и прилично нелогично пополнет скандинавец, на голот.

Во следните неколку минути сите погодуваа, а само одличниот Коралес на голот не дозволи разликата да отиде на безмалку двоцифрена разлика за Отпорот.

На теренот многу познати лица, омилени и помалку омилени. А слоганот на популарниот Балкан Хендбал, Најдобриот ракомет доаѓа од балканот го оправдаа безмалку сите “наши”. Лазаров, Овничек и Пешмалбек од една страна и секако Ненадиќ, Маргуч и Борозан од друга страна.

Нотирам, исклучителна смиреност на тренерите. Огромна ротација кај Вешпрем, која ја гледавме некогаш и кај нашиот Бабиќ. Имам впечаток дека понекогаш делува малку и конфузно па тимот неретко се губи во ритамот. Плејада млади и свежи сили кај Отпорот. Одлични голмани. Одлични судии !

На крајот само 4 разлика, во еден исклучително брз и возбудлив натпревар. Дали ќе биде доволно ќе дознаеме за една седмица.

13.05.2021 Во близина на реката Лоара,

ЕХФ ЛШ Четвртфинале прв натпревар

Нант 32 Вешпрем 28

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...