Натпревар за докажување

Како на двомечот со Романија гледа еден од новиот бран млади но сепак искусни тренери, Веко Мицевски. Тренер на ЖРК Спартак и професор во Спортската академија. Натпревар за докажување, но и момент кој треба да го запазиме за да видиме до каде сме и дали сме на вистински пат. Играме со противник кој има континуитет […]

Јамб во најава

Издвојуваме овојпат 6 натпревари во наредните 7 денови. 17.04.2021 15.00ч Металург Вардар СЛ Разигрување Натпревар од супер лигата, некогаш дерби. 17.04.2021 17.00 Романија МАКЕДОНИЈА Бараж за Светско Првенство Двомеч во фокусот на македонската спортска јавност. Сите со нетрпение очекуваме да видиме во какво светло ќе се пртстават нашите девојки. 18.04.2021 14.00 Охрид Пелистер СЛ Разигрување […]

MАКЕДОНИЈА ПРОТИВ РОМАНИЈА

Уште еден бараж во кој се судруваме со ракометна сила но и со сопствената реалност! 25 то Светско првенство ќе се одржи оваа 2021 година во Шпанија во 5 градови од 1 до 19 Декември и за првпат ќе биде со 32 земји учесници. ТИМ Романија е за жал со беспрекорна статистика кога станува збор […]

Бутел на гол од сензација !

Ракометот добива нови ривалства, а Скопје добива трето дерби. Во главна улога РК Бутел од Скопје. Без разлика на исходот на денешните натпревари станува повеќе од јасно дека веќе никој неможе со сигурност да прокнижува бодови. Во скопската населба Бутел по бодови пристигнаа Металурзите. После почетната бркотница во која двете екипи изигра фуриозно брзо и […]

Јована верува дека можеме !

Интервју со нашата Јована Саздовска која закрепнува после повредата. Јована Саздовска, Македонска репрезентативка, интернационалка, кариерата ја започнува во скопски Металург,па преку романска Магура, повторно во Скопје во Вардар, Туринген од Германија каде изигра 2 одлични сезони, пристигна повторно во Романија, овојпат во Дунареи. Во моментов за жал во процес на рехабилитација и неможе да помогне […]

Тинекс Пролет и Вардар 1961

Денеска навистина се радував на овој дуел. Во пресрет на одлуките на РФМ за новиот систем и ограничувањата на тема странски играчи, ги запишувам следниве констатации. Прво, никој па ниту еден двократен европски шампион несмее никого да потцени. Тоа и Еурофарм Пелистер и Вардар во секој натпревар го покажуваат. Браво ! Играат скоро цел натпревар […]

Mечките посилни од Лавовите

Четвртфинален натпревар кој ги оправда нашите очекувања. Не сите сепак. Но видовме убави голови, убави одбрани, транзиција, луцидни решенија, сепак премалку квалитет и тимска игра. Поединците го решаваа натпреварот. Почна лошо за Мечките. Грешеа во нападот, Паличка бранеше безмалку се, а германците казнуваа во транзиција или контра. На поставена одбрана, 5-1 на русите, безмалку и […]

Саздовска Јована

Колку е тешко да успееш во женскиот ракомет ? Како се стигнува до репрезентација ? Што е потребно за Македонија да оди чекор понапред ? И уште повеќе информации во разговорот со нашата репрезентативка наскоро во САМОРАКОМЕТ ?

МОСКВА

Москва е руската престолнина со безмалку 13 милиони жители. Таа е центар на културата, уметноста, религијата, бизнисот и спортот. А во спортот синоним за клубската традиција е Централниот Спортски Клуб на Армијата. Или нагалено ЦСКА. Е, во женската ракометна секција на култниот ЦСКА, денес целото внимание за Сара Ристовска, македонска репрезентативка и десно крило од […]

Разликата голема, стравот преголем !

Разликата во квалитетот е евидентна, но стружани во првите дваесетина минути не го оправдаа епитетот на најракометен град во Македонија. Почетокот со преголем респект и безброј загубени топки, а во моментот кога разликата беше недофатлива гостите заиграа послободно. Бенефитот од играњето на најјаките во редовниот тек е двостран. Од една страна поголемите имаат можност да […]