Играчите се со крената глава, трчаат со лесен чекор. Дали некој им даде крилја ?
Несомнено дуелот со Вардар е инспирација за секого. Несомнено новиот стручен штаб почна да ги дава првите резултати. Вардар мирен и резервиран како што навикнавме да го гледаме годинава. Откровение за мене играта на Векиќ. Па малиот очигледно има што да каже. На крилата на иконата на крило Дибиров, Вардар фати приклучок после сензационалната -3 негатива. Од друга страна, Дупјачанец кој често го критикувавме за неговата физичка подготвеност, во стилот на оделото не го прави човекот, ги држеше металурзите со своите одлични одбрани на високи вртежи.
Фантастично прво полувреме, не толку по квалитетната игра, ами по фактор дека сме сведоци на неизвесност. На полувреме потполно неочекувано 15-15.
Вардар со блицкриг поведе. Металург не потклекна, за повторно на погонот на европските шампиони, Дибиров, Чупиќ, Стоилов и динамичното хрватско дуо Јотиќ-Гаџа, Вардар да се одлепи на безбедно растојание. Но температурата беше висока и во еден брз ритам, Металург се врати на само -1.
Металург делува како да бил на инфузија и само поради кратката клупа не успеа поскапо да ја продаде својата кожа. Докрај Вардар на рутина, искуство мирно го заклучи натпреварот.
И покрај поразот, Металург делува како победник на крајот.
Во очекување на добра претстава од девојките во баражот
17.04.2021 Скопје Македонија
СЛ Разигрување
Металург 27 Вардар 31