Правдата е задоволена !

Во четврток на Василица, започнува европското првенство во ракомет за мажи. Македонија има претставници во сите нивоа, играчки, делегатски, организациски и судиски. За да, дел од нашите оценки, во поглед на судиските парови, добијат валидација се погрижи ЕХФ со вчерашното соопштение. Го пренесуваме во целост: Европската ракометна федерација номинираше уште двa дополнителни судиски парови за […]
Одбројуваме, Македонија на Европско!

Со несмален интензитет продолжувам да ја нарушувам, како Бице вели, совршената фигура извајана низ минатата 2021 полумаратонска сезона. Ерата на славите е во полн ек! Одбројувам сарми, руска, но јануари со години наназад ми создава и едни поинакви гастро тегоби! Македонија игра ракомет заедно со елитата, а и тука апетитот ми е одличен. Но не […]
Кој освои а кој загуби бод?

Да фрлиме поглед на денешниот натпревар од еден поинаков агол. Кој доби а кој изгуби, со оглед на нерешениот резултат на крајот на натпреварот. Прво големата слика! Македонскиот ракомет добива неизвесност, силни натпревари во кој македонските играчи ќе стекнуваат искуство и можност за натпревар, а публиката ќе ужива 60 минуту во врвни и неизвесни пресметки. […]
ЈАМБ ВО НАЈАВА, 12.10.21-17.10.21

Неделава фокусот на Лигата на Шампиони. Интересни дуели и во македонската машка и женската супер лига. 13.10.2021 18.45 ч Олбор Мешков ЕХФ ЛШ Дуел од Вардаровата група. Интересен за да видиме во која форма движат двете екипи кои Варадар успеа да ги совлада 13.10.2021 20.45 ч Вардар Монпеље ЕХФ ЛШ Четврт натпревар, трет дома за Вардар. […]
Живко Мукаетов “Би се повлекол веднаш во полза на личност со кредибилитет и визија за РФМ”

ФЕДЕРАЦИЈАТА 8 ИПОЛ ГОДИНИ Е КВАЛИТЕТЕН СЕРВИС НА МАКЕДОНСКИОТ РАКОМЕТ ! Живко Мукаетов активен и исклучително успешен во две области од македонското општество. Еден од ретките кој на една успешна бизнис приказна од минатото, не само што успеа да се надоврзе, туку успеа да ја надгради и да создаде светски бренд. Генерален менаџер на Алкaлоид, […]
Металург во длабокото

Дека во Металург работите не се добри не е тајна. Всушност сите знеме дека проблем се парите. Клубот се мачи со стари долгови, нови спонзори никаде нема. Во таква ситуација најтешко им е на тренерите и играчите. Вечерва немаше дури ни редарска служба, официјалниот сајт е згаснат, а за сликата да биде комплетно лоша се […]
Битката за суперлигата започна

Факт е дека годинава македонската ракометна сцена е во фокусот. Враќањето на сехашите, амбициозна женска супер лига, за првпат со директни стрим преноси и интересна како никогаш досега битка на прволигашите за влез во елитата. Со 19 екипи во две групи поделени започна сезоната во првата лига. А таму по бранувањата помеѓу КЛ 7 и […]
Прво коло, Супер Лига

Конечно започна првенството. Она долгоочекуваното, со сехашите од првиот ден. Рака на срце истие имаа повеќе од лесна задача на почетокот. Вардар со новаците Скопје, а Пелистер со својата експозитура од Битола. Она што за нас беше интересно беа мечевите во Автокоманда и во Бутел. Во кои гледавме 3 тима кои атакуваат на третото, но […]
Let the Handball Begin

На прагот сме на 29 та сезона во ракометна Македонија. За првпат по неколку благо монотони сезони повторно почетокот е најавен со низа промени. Како најважна промена е враќањето на СЕХА шите во редовно првенство. Малите се радуваа дека ќе имаат можност да се судрат со големите, да видат до каде се, а големите се […]
