Со мислите во Полска и Шведска!

Да, всушност со години го чекавме моментот кога ќе ја слушнеме сентенцата “Градиме тим за иднината”.

Кирил Лазаров ги оправда очекувањата. На првиот меч со Словенија го покажа костурот на новата Македонија. Играчите кои го имаа најголемиот товар не беа ветераните.

Пешевски 30, Ѓеоргиевски 34, Стоилов 34, тука завршува. Се останато е иднината !

Лево лансиравме нов сјајна ѕвезда. Кузмановски, малиот, во фокусот. Македонија добива сјаен тандем, Деки ќе се врати и ќе има одлична подршка. Добиваме и решение за изведувач на седмерци. Цветане БРАВО!

Фитиљот, легитимен лидер. Кузмановски го гради својот карактер во најјаката лига во светот. Резултатите се гледаат. Снажен, безкомпромисен, малку затаи во одбраната, но тој е иднината.

На голот пантерот Томовски, официјални 12 одбрани и 32% против една Словенија. Со мислите дека го имаме и Митревски и дека одбраната може и мора да биде поцврста и подобра, мирно можеме да спиеме.

На средина, селекторот го гради Ѓеоргиев. Полека и стрпливо. Сепак тој настапува во втора лига и дистанцата е преголема. Веднаш до него и Марко Митев, се надевам дека против Црна Гора и Данска ќе добие минути. Македонија на среден би можела да биде надежна.

Десната страна синоќа затаи. Велковски го презеде сиот терет, словенците таму и притискаа, Серафимов мала енигма. Костески не доби доволно внимание но знаеме дека има штоф во него. Очекуваме на следните натпревари да земат повеќе воздух.

На линијата бевме со стари и сигурни проверени сили. Жаре и Столе, одиграа одлично. На таа позиција имаме повеќе кандидати. Коки Петров, Аларов, Стојковиќ, Лазаревски па можеби и Симоновски во кој сите некако со сомнеж гледаме.

Талески со одлична реализација овојпат, напредува, евидентно е. Време е да добие помалку прашања и повеќе подршка. Мишевски тивко си ја врши својата работа. Ако двајцата добијат повеќе задачи од Дејвис…

Е сега и за селекторот, како да ја пишувал утакмицата на лист хартија. Мирен, сталожен, свесен за разликите, ми се допадна се што видов и чув.

За да настапот на Македонија на меѓународна сцена ја добие комплетната слика повторно беа задолжени навивачите.

Фаланго капа доле, колоритни, весели, харизматични, Вие сте јагодката на шлагот!

За да неиформираните читатели не добијат погрешна слика, Македонија загуби од Словенија. Но, загуби во една машка и прилично изедначена битка. Маргината од 2 гола повторно. Словенија по сите параметри во моментов е покомпактна екипа изградена од играчи кои играат во поквалитетни тимови.

Тие можеби и не притиснаа до крај, но факт е дека да немавме 16 изгубени топки, се можеше и поинаку да изгледа.

Македонија 25 Словенија 27

13.01.2022, Дебрецина, Василица сепак не не дочува

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...