Трофеи што „тежат“, порази што болат и надеж што не згаснува – епилогот на една од најдраматичните ракометни сезони (втор дел)

Од Битола до Скопје, низ дерби возбудувања, млади ѕвезди и историски национални триумфи на Алкалоид во Европа – ракометната 2024/25 во две продолженија што го обликуваат идниот лик на македонскиот ракомет Се спушти завесата на една од најнеизвесните и нај израмнети сезони во историјата на македонскиот ракомет. Не дека не беше најавено, или не беше […]
Трофеи што „тежат“, порази што болат и надеж што не згаснува – епилогот на една од најдраматичните ракометни сезони (прв дел)

Од Битола до Скопје, низ дерби возбудувања, млади ѕвезди и историски национални триумфи на Алкалоид во Европа – ракометната 2024/25 во две продолженија што го обликуваат идниот лик на македонскиот ракомет Старите викаат, ако е забаено, само да не е забораено! Се спушти завесата на една од најнеизвесните и нај израмнети сезони во историјата на […]
„Театар“на терен, шоу без вкус на трибините

Меч за гурмани, што би рекол Витомир Долински во доцните осумдесетти години од минатиот век, известувајќи во тоа време за (не)успесите на Караорман или ракометниот клуб Струга, како дописник на националниот сервис. Така некако би изгледал насловот за натпреварот синоќа во Автокоманда. Без Фитиљ и екс титуларот од Келн во дресот на „двократниот“, Пелистер, успешно […]
Три можни сценарија за епилог!

Фото РК АЛКАЛОИД (Бинго со еден од загрозените противнички ракометари) Пред да ги претставам трите можни сценарија, сакам да Ве потсетам дека нашиот долгогодишен и еден од најеминентните членови на ЕХФ, Драган Начевски, на подмолен начин беше наместен и казнет со исфрлање од структурите без право на жалба до 2026 та година. Ги споделувам можните […]
Фармацевтите ја решија Скандинавката!

Фото РК АЛКАЛОИД Во неделата, во едни исклучително герила услови, преку таканаречен пренос во живо на страница на еден социјален медиум, имавме можност и среќа да го гледаме реванш натпреварот од полуфиналниот дуел во ЕХФ Купот, помеѓу Македонскиот РК АЛКАЛОИД и Норвешкиот Рунар. Воведов со идеја да ја доловоам апсурдноста што со себе ја носи […]
Македонскиот клупски ракомет во полн сјај

Алкалоид е финалист на ЕХФ Европскиот куп, и против грчки АЕК ќе го брка првиот европски трофеј во својата кратка историја, а само четврти за мак ракометот. Уморни од супер високиот ритам на натпревари кој го наметнува плејофот во македонското првенство, соочени со повреди на клучни играчи и со непријатна традиција на нашите екипи во […]
Алкалоид ќе „трча“ до финале, Битола демонстрираше ракометен талент

Ако пред турнирот мислевме дека Пелистер е Алем Хоџиќ и останатите (иако бројките зад Босанецот се импресивни), сега може да констатираме дека Пелистер има два, габаритни, солидно технички потковани голмани, за во перспектива, неколку модерни „зналци“ со средна висина на среден и лев бек, кои знаат да бидат досадни 1 на 1 и играат со […]
Алкалоид испорача 42 голови!

Фото РК АЛКАЛОИД Резултат за паметење е оној неделниот, кога на еден од најголемите Христијански празници, Алклоид го одигра првиот дуел од двомечот со Норвешкиот Рунар од Песочниот Фјорд. ЕХФ по кој знае кој пат не стави во дилемата, да ги мразиме или да ги презираме? Просто за мене е неразбирливо колку многу се трудат […]
„Патувањето“ на Алкалоид и македонскиот ракометен плејоф

Разбирам и ривалство и борба за титула и револт и алергија (или осип на кожата) кон доскорешната ракометна влада, која е инкорпорирана во клубот од Автокоманда, но мораме да имаме мера и граница, особено кон оние што нешто направиле за оваа држава. Па имал тој некој и „лимон“ карактер и амбиција да ги контролира работите […]
Мирна река брег рони, или како АЛКАЛОИД стигна до полуфинале!

Фото РК АЛКАЛОИД Очекувавме еден неизвесен и тврд натпревар, во Скопје, а добивме брутална егзекуција. Фармацевтите имунизирани по првата средба, во која имало од се по нешто, а најмалку витештво и спортска борба, подготвено ги пречекаа тешкашите од Романија. Стариот волк, придавка која на Кире не му прилега, од перспектива на тренер, очигледно му припаѓа […]