13 причини за успехот на оваа генерација

Текстов ќе биде едноставен: Влезот во топ 10 селекции во светот е огромен успех, земајќи впредвид и фактот дека ние не изигравме ниту еден натпревар со екипи надвор од европа, уште поголем ! Овие Македонци навистина се борат ! Тие се нашите херои !
Народ со ваква (ракометна) младина не треба да се грижи за својата иднина

Фото ИХФ Еден натпревар беше потребен за оваа констатација. Завршувањето на групната фаза со две победи и еден инструиран од судиите пораз, од ракометната велесила Норвешка, ја потврди мојата позитивна мисла. Се понатаму е небитно ! Македонија покажа енергија, желба за победа, фанатична борбеност и пред се и над се карактер тимски и мудрост од […]
Зеленото се врати во мода !

Некако ми се наметнува, а ние Македонците често сме сведоци дека народната мудрост со векови не одржала, поговорката и Волкот сит и Овците на број ! Па да тргнеме од почеток, од Волкот, фигуративно речено. Битола и Битолската спортска јавност вложија многу во проектот Ракометна платформа. Пари, емоции, енергија и што уште не. Пелистер во […]
Џомба, ти благодарам …

Фото РФМ Глорификацијата на насилството, толеранцијата кон неприродното и стимулирањето на медиокритетството не доведоа така блиску, како човештво, до дното ! Малкуте емотивни, вистински вредни и трајни, моменти незнаеме и неможеме да ги доживееме и овековечиме како што заслужуваат. Уште една Македонска ракометна икона, го одигра својот последен танц, а неговиот чекор одамна повеќе наликуваше […]
Македонски репрезентативни трендови

После периодот на хистерични напади и раслоеност, а пресликано од секојдневното општествено самоуништување, репрезентацијата плови кон помирни води. Неколку трендови успевам да евидентирам, а можеби има и повеќе, времето ќе покаже. Инспириран од странскиот коментатор на една балканска тв која делува како дип стејт па го држи во заложништво скоро секој спорт и скоро секоја […]
Формирањето на големата Тројка

Фото РК Алкалоид Тезата на Бице дека во Македонија за прв пат има три легитимни кандидати за титула, синоќа во Скопје беше потврдена. Секунди ја делеа ракометна Македонија од сценарио кое никогаш не било напишано а можеби ниту замислено, на 5 кола до крајот 3 екипи да бидат во борба за титула. Алкалоид од натпревар […]
AIR Struga …

Фото РК Еурофарм Пелистер Внатрешната поделеност во Македонската историја е константа. Боли фактот дека после стотици години болка и солзи, ние Македонците никако не ја учиме лекцијата. Во некои поинакви констелации во некој медиум кој би се викал САМО МАКЕДОНИЈА, со задоволство би се обидел да ги поставам постулатите на внатрешното помирување. Она што ме […]
Во Автокоманда, духови од минатото

Фото РК Алкалоид Во неколку наврати се обидувавме па и успевавме да направиме паралела со ракометните настани во Автокоманда, некогаш и денес. Натпревар од редовното коло на плеј оф серијата од Македонската лига, кој да, беше очекуван со нетрпение, но натпревар кој донесе неверојатна енергија и заплет. Различни беа гледиштата на овој натпревар, и навивачки […]
Специјални, Јуришни, Десантни…

Фото РК Вардар Единици за брзо распоредување, Гранична полиција, Полк за специјални операции, Посебна единица за подршка и верувам дека во СПА центарот на Хотел Русија имаше и Фоки ! На сиот овој расположив арсенал, на кој верувам и Украина би им позавидела, а кој дефилираше околу салата безмалку цело неделно предпладне и пладне, во […]
Во Битола танц во 7/8 ритам

Фото РК Еурофарм Пелистер Во опевањето, ама и во распнувањето, а јавноста ова второво повеќе ја привлекува, јас секогаш барав дедуктивна потврда. За победата на Пелистер против Нексе, неминовно е да почнам од клупата. Некако како хоби го следевме тренерскиот век на Бабиќо, па го испративме со саркастичен хумор за кој сам придонесе. Пристигањето на […]
