AIR Struga …

Фото РК Еурофарм Пелистер

Внатрешната поделеност во Македонската историја е константа. Боли фактот дека после стотици години болка и солзи, ние Македонците никако не ја учиме лекцијата.

Во некои поинакви констелации во некој медиум кој би се викал САМО МАКЕДОНИЈА, со задоволство би се обидел да ги поставам постулатите на внатрешното помирување.

Она што ме влече за јазик, а е во доменот во кој сум дрзнат да коментирам, се поделбите во Македонскиот ракомет.

Најсвежата, Битолската.

Па еве вака некако би се обидел да упатам апел до Битола. Македонија е мала земја, многу малку народ Македонски остана, Битола е сведок. Убеден сум дека во Македонија неможеме да пронајдеме повеќе од 10 луѓе, кои се подготвени да спонзорираат сериозен ракометен клуб. Своето време, капитал и углед тие луѓе не би сакале туку така да го расфрлаат. Затоа треба да ги чуваме и почитуваме.

Еве да Ве потсетам дека и на почетокот на ерата на шампионскиот Вардар, комитите во еден период не беа присутни на трибините. Незначи дека Вардар не ги сака и почитува, просто нивниот стил на експресија на емоциите создаваше штета на проектот. Не заборавајте дека денот кога на плоштад пристигна двокатниот кабрио, возејќи ги Европските Шампиони, на плоштадот беа сите … и беа заборавиле на несреќниот сплет на настани.

Апелот на Јовиќ, повиците на една не така мала а урбана група на Битолчани, навивачи на Пелистер, сериозно да се разгледаат и прифатат со акламација.

Пелистер се наоѓа во една фаза од својот развој кога е многу важно да се има трпение, управата да не менува курс, публиката да даде 100% подршка. И како една забелешка повторно од историјата на црвено-црните, кога на Вардар му беше најтешко, се слушаше од трибините И да изгубите не ве оставаме и ќе пееме напред Вардаре !

Имам порака и до владата на северна. Распишавте оглас за субвенцирање на авионски компании за ефтини летови. Со тие ефтини летови за жал целта не е постигната, младите се повеќе купуваат билет во еден правец! Пренасочете ги парите во инвестиции во образованието, здравството, културата и спортот, а тие ќе и вратат на Македонија многукратно, и ќе останат тука да градат здрава држава.

Една од аномалиите, а не субвенционирана е и ракометот. Синоќа едно крило на млазен погон рамо до рамо, ако не и рамо понапред, со двајца ликови растени во благосостојба. Костески со данцине. Субвенции за Струга како непресушен извор на таленти, за Битола како мека за ракометот, за сите останати градови и клубови кои под неразјаснети околности сеуште создаваат таленти.

А сакав само да се освранам на синоќешната победа на Пелистер против Татран во СЕХА лигата.

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...