Во Автокоманда, духови од минатото

Фото РК Алкалоид

Во неколку наврати се обидувавме па и успевавме да направиме паралела со ракометните настани во Автокоманда, некогаш и денес.

Натпревар од редовното коло на плеј оф серијата од Македонската лига, кој да, беше очекуван со нетрпение, но натпревар кој донесе неверојатна енергија и заплет.

Различни беа гледиштата на овој натпревар, и навивачки и натпреварувачки. Во Автокоманда вперени сите погледи, со многу желби.

А што се случи ?

По епското, а сеуште без конечна разрешница, дерби, Вардар Пелистер, црвено-црните пристигнаа во Автокоманда во улога на апсолутни фаворити. Проблемот беше што не беа сосема сите тука и што очигледно не беа баш свесни кој и како треба да ги води. Двата тајм аути на Недановски во првите минути и постигнатите едвам 5-6 голови зборуваа многу.

Утрото одамна е поумно од ноќта, па така по мојата веќе утврдена стратегија, освртот да го пишувам ден потоа, а неротопуштајќи и една прекрасна Шаховска манифестација во Скопје, од заседа бев пресретнат од еден фантастичен текст. Останав скоро разоружан, па културно се јавив, прашав, добив дозвола и еве сега Ви го пренесувам во целост !

Во Автокоманда е забележана чудна миризба на едно друго време, на големиот “Маго ди Умаго”…

Синоќа во салата во Автокоманда, “вештачка” екипа во плави дресови го победи големиот Вардар. Со игра поставена да има фокус на одбрана, каде “плавите” се нај искусни (двајцата повозрасни), во зоната и на голот, силно мотивирани и физички беспрекорно подготвени да “примат гол помалку од противникот” а не да дадат еден повеќе како што сме навикнати да ги гледаме.

Трпение во напад, до “сигурен” гол, гледано од страна малку досаден и “грд” за гледање. Но, ефективен…

Тренер со “железна рака” и филозофија на постојана тензија меѓу ростер со назнака – никој не незаменлив, без секој се може па и да е исклучително битен како Џонов или Митев (се надеваме се е ок!). “Шпанска” анализа на безброј одгледани индивидуални и групни “видеа” со однапред на тацна “послужени” решенија, кои во минатото ретко беа прифатени и “употребени”, најчесто ради неискуство. Рака на срце, тренерот овојпат многу мирен и во функција на тимот, со официјален став на “аутсајдери”, а лично убедување дека само победата е опција – било кога против било кого.

Во Автокоманда “смрди” на едно друго време, кога “Маго ди Умаго” со неуспешно поминат циклус квалификации за ЛШ и скршена рака на дерби утакмица ја почна новата ера, повторно на “плавите”. Проект од кој националниот тим “трпеше последици” на долгогодишно присуство на големите смотри.

На другата страна, “бахат” и самоуверен, а и недоволно подготвен “шампион” со ростер на (пред)многу освоени титули и извојувани битки.

Група на играчи со единствен мотив “да му се покаже на селекторот” кој е кој во моментов.

п.с “Плавите” одиграа за Пелистер, па и за себе. Вардар немирен и во тензија до јуни, без можност да планира засилувања и концепција за ЛШ. Пелистер назад “на бис” во борба за титулата и време во од да се поправаат работите. Со надеж дека лекцијата за во иднина е научена.

“Плавите” од Автокоманда, по рецептот на стариот лисец, преку ученикот на позиција на главен и одговорен уредник, наводно, без големи амбиции ќе чека во заседа за остварување на сонот.

Македонскиот ракомет влегува во нов циклус…

Невозможно е сите да бидат задоволни 😀

Авторот на текстот Горан Ѓоргоновски, преку својот проект ЧИТАЈ РАКОМЕТ, многупати потврди дека е одличен познавач на состојбите во ракометот, а овојпат и ми ја продлабочи дилемата во кое тренерско стебло да го поставам Лазаров.

Во Скопје, во салата во Автокоманда, во која виреат долго време ендемични видови репрезентативци, Алкалоид го победи двојниот Европски Шампион Вардар.

01.04.2023 Алкалоид 22 21 Вардар

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...