Некои работи ќе бидат појасни!

Вторник каков одамна сме немале! Во 19,00 во Автокоманда, на гости кај Алаклоид пристига Македонскиот Шампион, Пелистер. Дуел кој можеби ништо нема да реши, сигурно ништо нема да реши, но ќе постави насоки и одгатне неколку енигми. Прво и основно, дали Алкалоид е печен за нов Шампион? Во својата 4 та година од формирањето, со […]
Купот останува во Скопје, Алкалоид 7 ми освојувач во историјата!

РК Алкалоид е само 7 ми освојувач во модерната историја на Македонскиот ракометен куп, трет клуб по Металург и Вардар, кој доаѓа од Скопје. А интересно е дека преодниот пехар не е мрднат од Скопје од далечната 2005, кога Пелистер беше освојувачот.
Уметникот, Мечката и Пантерот му го земаа „скалпот“ на Шампионот, ќе дочека ли „двократниот“ киск на Битолчани?
Што се однеусва до атмосферата, ако во Автокоманда „мирисаше“ на освојување титули, пред „Јане Сандански“, а и внатре, се наликуваше на (нај)убавите години, кога Вардар „ја стави Европа под нозе“, младо и старо, машко и женско, на нозе се кренало, да го бодри „двократниот“, да го бодри последниот бастион на МАКЕДОНШТИНАТА, барем за нас, кои живееме тука, во Скопје. Одлична посетеност (за работен ден) од вистински вљубеници во брендот Вардар, кој нешто порано тој ден објави соработка со големиот ракометен бренд Кемпа, кој препозна одлична база на навивачи, следбеници, препозна можеби враќање на Вардар на големата сцена, со свои математики за поддршка на истиот.
КЕМПА нов спонзор на РК ВАРДАР во наредните 3 сезони!

Германската компанија го препозна двократниот европски шампион и Македонски повеќекратен Шампион, Вардар, како Бренд во кој може да инвестира и да добие видливост и промоција
АЛКАЛОИД И ВАРДАР ПОДГОТВИЈА ТЕРЕН, СЛЕДНИТЕ ДВЕ КОЛА СО „СКАЛП“ НАД ШАМПИОНОТ ЌЕ ВЛЕЗЕМЕ ВО ТРИЛЕР ЗАВРШНИЦА НА ПЛЕЈОФОТ

Со резултати, во однос на постигнати погодоци, како во ’90 тите години од минатиот век и со незивесност како никогаш досега, после паузата поради ЕХФ неделата и Купот на Македонија, продолжи суперлигата со 6-тото коло и три супер неизвесни натпревари. Тиквеш, како претендент за пласман во ракометна Европа, се „провлече“ во Пролеќе, Алкалоид „остана жив“ […]
Во Автокоманда, духови од минатото

Фото РК Алкалоид Во неколку наврати се обидувавме па и успевавме да направиме паралела со ракометните настани во Автокоманда, некогаш и денес. Натпревар од редовното коло на плеј оф серијата од Македонската лига, кој да, беше очекуван со нетрпение, но натпревар кој донесе неверојатна енергија и заплет. Различни беа гледиштата на овој натпревар, и навивачки […]
Алушевски 2 Бабиќ 2

Наизглед израмнето, всушност овие два на Алушевски вредни титула и куп, а оние 2 на Бабиќ безвредни. Низ призмата на двајцата стратези го одјавуваме последниот нивни дуел за оваа сезона. За Алушевски кој се нафати да седне на клупата на европскиот финансиски раздрман шампион, пофалби за храброста. Многумина не би прифатиле. Тој на хартија ги […]