КЕМПА нов спонзор на РК ВАРДАР во наредните 3 сезони!

Легендарниот Бернард Кемпа

Легендата Бернард КЕМПА

Германскиот спортски бренд, фокусиран на ракометот и основан 2002 година е новиот технички спонзор на Вардар.

Германската компанија го препозна двократниот европски шампион и Македонски повеќекратен Шампион, Вардар, како Бренд во кој може да инвестира и да добие видливост и промоција. За жал голем број на Македонски медиуми, најверојатно потиснати од предизборните калкулации и стимулации, немаа доволен број на новинари и репортери за да го испратат професионално овој настан.

Позадината на ваквиот однос на спортските редакции е повеќе од очигледна. Вклучувајќи не нас од САМО РАКОМЕТ на пресот немаше повеќе од 3-4 други редакции. Паметам прес конференции на Вардар на кои немаше слободно столче, а во сега “окупираната” Јане прес центарот има најмалку педесетина позиции.

Фото Денис Дуковски РК ВАРДАР

Претставникот на КЕМПА, видно возбуден од можноста, како што рече, еден така мал и млад спортски бренд да соработува со така големо ракометно име, во кулоарите ни одговори и на една мала енигма. Каква е конекцијата и потеклото на името. Па ни раскажа дека основачите на компанијата сакале име кое пред се, во Германија силно ќе се поврзува со ракометот. Одлуката паднала на легендата Бернард Кемпа, легендарниот германски ракометар роден во Полска, од времето на стариот ракомет, познат по специфичниот стил на егзекуција или попознат кај нас како цепелин. Или што би рекол Фичо, нешто како Паненка.

Трендот на стабилизација на Македонските ракометни клубови продолжува и тоа е најважно. По Пелистер, Охрид и Тиквеш, новајлиите Алкалоид, сега и Вардар, се одлична препорака дека во наредниве години Македонскиот ракомет ќе расте и сите ние сладокусците ќе уживаме во оваа прекрасна игра.

Како најава, денес во Јане доаѓа Шампионот Пелистер во обид да ја завери титулата. Дали Вардар ќе дозволи Нострификација ќе дознаеме за неколку часови.

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...