Фото РК Вардар
Вардар и годинава нема да биде дел од европските натпреварувања. Овојпат не поради административно загадочните мерки на ЕХФ, ами поради неговата реконструкција и секако лоша среќа при ждрепката.
Натпреварот изгубен уште пред да започне, јасно зошто, разликите во буџетите и имињата од ростерот, сепак сладок за анализа и прогноза.
Толкувањето на крвната слика се базира на многу влезни вредности. Еритроцити, Леукоцити, Тромбоцити, железо вакво, железо такво, хемоглобин и холестерол и така до недоглед. Споредено со референтните вредности, докторите влечат заклучок и поставуваат соодветна терапија.
Вардаровата крвна слика со две лица.
Првото, од првото полувреме, надополнета со сликата од струшкиот турнир, вели Вардаре здрав си! Но второто од второто полувреме, загребува подлабоко под површината и ги вади на видело сите недостатоци.
Нејсе, сезонава одамна е детерминирана како сезона на консолидација и реструктуирање. Во организацијата на клубот и во играчкиот ростер.
Организациски, Вардар делува за нијанса по сериозно од лани, а по ангажман на новиот спортски и по најавите на новиот помошен, драматично поразличен. Со најавите за промена во филозофијата на спонзорирање и бегање на досегашниот модел со еден доминантен спонзор, кон европскиот потврден модел со десетици спонзори, (еве на пример РНЛ има вкупно 281) различни спонзори или партнери, а Вардар во моментов едвај 12, очекуваме за неколку години сосема стабилен клуб. Со најавите пак за возобновување на школата за млади и посветено работење со нив, за неколку години пак очекуваме нови кандидати за прв тим.
Најавите дека целите се двојна титула, можеби нема да испаднат блеф. Почетокот на сезоната е тука, па веднаш по суперкупот ќе знаеме дали дијагнозата е погодена.
Кон поразот на Вардар од РНЛ во првиот меч во Скопје.
ПС Имајќи ја впредвид малодушноста на вардаровата публика кон повикот за спас на ФК Вардар, моите очекувања за посета беа прилично надминати, а и атмосферата беше безмалку одлична.