Специјални, Јуришни, Десантни…

Фото РК Вардар Единици за брзо распоредување, Гранична полиција, Полк за специјални операции, Посебна единица за подршка и верувам дека во СПА центарот на Хотел Русија имаше и Фоки ! На сиот овој расположив арсенал, на кој верувам и Украина би им позавидела, а кој дефилираше околу салата безмалку цело неделно предпладне и пладне, во […]

Во Битола танц во 7/8 ритам

Фото РК Еурофарм Пелистер Во опевањето, ама и во распнувањето, а јавноста ова второво повеќе ја привлекува, јас секогаш барав дедуктивна потврда. За победата на Пелистер против Нексе, неминовно е да почнам од клупата. Некако како хоби го следевме тренерскиот век на Бабиќо, па го испративме со саркастичен хумор за кој сам придонесе. Пристигањето на […]

Ново сонце над Македонија

Фото РФМ Со Бице по принципот на западните хегемонистички практики развиваме теза, план, прогноза, кога Македонија може да очекува блескави ракометни моменти. Планот, или позападно речено Проектот го нарековме ПРОЕКТ 3-2-25 ! Да појаснам, 3 е за трите најдобри македонски екипи. Со оглед на моменталниот однос на силите, финасиите, амбициите, инфраструктурата и ростерите, Вардар, Пелистер […]

Битола лута !

Фото Еурофарм Пелистер Турбуленциите во македонскиот ракомет не престануваат. Овие клупските, Битолските, некако во моментов најаки. Минатата недела во Данска, ги фатив следниве белешки: Недисциплина, Танковски и Хосни во мртва трка кој повеќе топки ќе изгуби, Костески аматерски црвен картон, Хенеберг неодговорно… За битолската публика многупати сум зборувал. Знае ракомет ! Денес решив вака, ќе […]

ПОТОП

Ух, денов три дена. Тргнавме вечерта од Краков после одличниот дуел Норвешка-Холандија, стигнавме за 23 часа во Скопје. Денес конечно можност да се сумира тоа што се случи во вторникот на 17 ти јануари, во Таурон. Првата асоцијација за поразот, од насловот. Следат моменти во кој пребаруваш и прашуваш, каде погрешивме, па моменти на прифаќање […]

Македонија во цивилизациски вакуум !

Деновиве добивам многу пораки. Дел се подршка, дел критика, дел сугестија. Се сретнуваме низ Краков многу Македонци, разговараме, предлагаме, анализираме, сублимираме. Притоа, никој од нас не помина на црвено, неколкумина се обидоа да не платат билет во трамвајот, не помина, со насмевки кажуваат, не е голема казната, ама нема веќе. Кучиња скитници невидовме, ниту сообраќаен […]

Битолската публика со подршка за Модриќ и Меси?

Фото РК Еурофарм Пелистер Не паметам од потпишувањето на ракометната платформа навака, толку малку публика во Битола на сериозен натпревар. Што се случи? И покрај повиците на клубот но и на верните навивачи по социјалните медиуми, да дојдат и да дадат подршка, таа изостана. Дали фудбалот е во толкава мера доминантен или едноставно трпението на […]

Компјутерска дијагностика, Еурофарм Пелистер CHECK ENGINE !

Фото РК Еурофарм Пелистер Често како водилка во коментарите после битката емоциите доминираат. Овој пат пристапот малку поинженерски. Ќе зборуваме со бројки. Во некои наслови пишуваше дека Пелистер изиграл лошо во првото полувреме и тоа го чинело пораз. Флоскула, за овој збор во Дигиталниот речник на Македонскиот јазик стои следново објаснување: Општ израз што има […]

За Пелистер, бодовите најважни!

Фото Еурофарм Пелистер Неможам да се дистанцирам од политичките состојби. За љубов се потребни двајца, за кавга исто. Русите се лоши, Украинците добри? Се прашувам зошто се сместени 2500 километри од дома? Во студенилото на дизелдорфската сала, црвената боја на верните македонски навивачи ми го стопли срцето. Колку е болно кога сиот таканаречен европски цивилизиран […]

Статистиката никогаш не лаже!

Фото РК Еурофарм Пелистер Пелистер загуби од фаворитот Берлин. Очекувано и разликата не беше така мала. И германците се подобар тим, имаат поширок ростер, имаат подобар ритам во сезоната и верувам и подобра сала. Она што низ статистичките податоци запнува за око е следново: Двата тима имаа упатено подеднаков број на удари кон голот, 54. […]