Битолската публика со подршка за Модриќ и Меси?

Фото РК Еурофарм Пелистер

Не паметам од потпишувањето на ракометната платформа навака, толку малку публика во Битола на сериозен натпревар.

Што се случи?

И покрај повиците на клубот но и на верните навивачи по социјалните медиуми, да дојдат и да дадат подршка, таа изостана. Дали фудбалот е во толкава мера доминантен или едноставно трпението на битолчани се истенчи. Дури и коментаторите на ТВ беа затекнати од сликата. Штета. Пелистер синоќа играше навистина подобро.

Неколку моменти заслужуваат внимание. ЕХФ повторно си поигрува со Македонските клубови. Делегираше за судии момчиња, на записник делегат, бугарин. Може ли да престанат со провокациите?

Бек си е бек, покажа играта со Хосни на надворешен десен. Штетата е голема поради неговата лоша здравствена состојба. Некни на еден прволигашки натпревар некој рече, Пелистер не ги сработил медицинските проверки доволно добро, му дојдоа повредени играчи. Дали и студената сала или можеби лоши подготвоски се причина за големиот број на повреди. Тема за раководството.

Левиот, данецот, кој ми е под опсервација, со шут 4/11, полека го заокружува впечатокот дека е одличен со слаби, но деликатен со јаки противници.

Видовме и интересна, тешка а подзаборавена одбрана 3-2-1 од шпанците. Дали и таа му направи проблем на Ларс?

Мојот фокус кон македонските играчи, синоќа кон Танковски. Тој потврдува дека минутажата на паркетот е најважна. Игра од натпревар во натпревар се подобро, синоќа со реализација 7/7 сигурно изненади. Она што кај него ми смета ама многу, е бројот на изгубени топки. Како да му се помогне на ова момче, има многу материјал во него, а и Македонија може да добие опција плус.

Пелистер немаше подршка и од голманите. Марко можеби и фати нешто но Лесјак беше потполно отсатен.

Заклучокот е комплексен и тешко може да се донесе, иако се изиграни веќе 6 натпревари. За Пелистер добро дојдена ќе биде зимската пауза. Да се консолидираат редовите и да се воигра тимот. Да и некое засилување не би било лошо. Има една чаршиска за еден десен бек кој би се преселил од Скопје во Битола, но засега само чаршиска…

13.12.2022 Во Битола во сенка на полуфиналето на светското во фудбал

ЕХФ Евро лига

Еурофарм Пелистер 29 Бидасоа 29

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...