Главоболки за Лазаров или не ?

Фото РК Алкалоид Од дуелот во кој на сите ни беше совршено јасно дека шансите се теоретски, сепак можеме да влечеме заклучоци и поуки. Почнувам со ЕХФ. Тие дилетанти никако да се освестат. Статистиката која денеска е една од клучните алатки за правење приказни за нив сеуште е мислена именка. Па така на пример ние […]

Битолската публика со подршка за Модриќ и Меси?

Фото РК Еурофарм Пелистер Не паметам од потпишувањето на ракометната платформа навака, толку малку публика во Битола на сериозен натпревар. Што се случи? И покрај повиците на клубот но и на верните навивачи по социјалните медиуми, да дојдат и да дадат подршка, таа изостана. Дали фудбалот е во толкава мера доминантен или едноставно трпението на […]

Компјутерска дијагностика, Еурофарм Пелистер CHECK ENGINE !

Фото РК Еурофарм Пелистер Често како водилка во коментарите после битката емоциите доминираат. Овој пат пристапот малку поинженерски. Ќе зборуваме со бројки. Во некои наслови пишуваше дека Пелистер изиграл лошо во првото полувреме и тоа го чинело пораз. Флоскула, за овој збор во Дигиталниот речник на Македонскиот јазик стои следново објаснување: Општ израз што има […]

За Пелистер, бодовите најважни!

Фото Еурофарм Пелистер Неможам да се дистанцирам од политичките состојби. За љубов се потребни двајца, за кавга исто. Русите се лоши, Украинците добри? Се прашувам зошто се сместени 2500 километри од дома? Во студенилото на дизелдорфската сала, црвената боја на верните македонски навивачи ми го стопли срцето. Колку е болно кога сиот таканаречен европски цивилизиран […]

Север и Југ !

Фото ЕХФ Епските битки имаат вовед. Оваа не, не можеше ниту да се наслути дека ќе се претвори во битка уште помалку во епска! Магдебург важеше безмалку за апсолутен фавотит. Тие така и се однесуваа, во полуфиналето со Нексе, не ги испукаа своите адути. Португалците пак, срамежливо ја наметнаа својата амбиција уште со ангажманот околу […]

За ЕХФ, всушност и УЕФА и ЕУ

Фото ЕХФ Има една стара која вели, 100 пати повторена лага станува вистина. Митот за големината на Европа, од цивилизациски, техничко технолошки, хуман, морален карактер, полека се разоткрива. Европа е гнила, морално пред се, и полека од позадината се гледа нејзината неспособност. Пред неколку години бевме сведоци на очајната организација на настанот на векот во […]

БАБИЌ ГО ПОЛОЖИ КОЛОКВИУМОТ, НО НЕ И ИСПИТОТ

Вечерва текстов го пишував додека паралелно одеше и натпреварот Спортинг – Пелистер. И имав сосема друг текст, ама за жал Бабиќ повторно ми отвори дупла работа. Морав се да менувам од корен. Вечерва тој од мене доби оценка двојка. Иако искрено оценката до 48 минута му беше чиста петка. Дури и првичниот наслов “Бабиќ дипломираше” […]

Бод голем ко Баба …

Воведните 5 минути, не, безмалку цел натпревар се борев со две дилеми. Дали недисциплината кај играчите или испуштените конци кај стручниот штаб се причина за очајот на теренот. Па луѓе мои, Пелистер е димензиониран да го нападне Вардар, а не да губи од Кадетен 8 разлика во рана фаза. Или еве да одиме чекор по […]

Жељковите први мачиња?

Битола има место на европската мапа. Одлични подготовки пред салата. Публика желна за спортски успех. Спонзор каков што секој клуб може да посака. Но … Ростерот составен од играчи кои настапувале во Лигата на Шампионите. Мандалиниќ, Божиќ Павлетиќ, Обрадовиќ, Марковски, Велковски, Секељи, Граџан, Кукоски, Кизиќ. Можеби и некого погрешив. Бабиќ се жалеше дека клубовите од […]