Фото РК Алкалоид
Човече, незнам од каде да почнам, Лудило… вака некако би звучела најавата доколку ја кажува Оливер Митковски во својата улога во претставата Мој Термин, која е на репертоар во МНТ. Патем и МНТ не е тоа што беше. Од силна институција која ги диктира стандардите на културното живеење, не презентира ширум светот како нација и е домаќин на светски театарски куќи, се претвори во банална и третокласна, комплетно небитна културна установа!
Да си се вратам јас на ракометот.
Неделава ќе ги дознаеме учесниците на Ф4 во Лига европа и во Лигата на шампионите. А кај нас дома, во Македонија, ќе трепкаат срцата на навивачите во неизвесност.
Накратко за денес Ви препорачувам, Нант Фуксе, дуел на две екипи репрезенти на два ракометни гиганти. Франција и Германија. Екипи мултинационални со убиствен инстикт. По првиот натпревар реми па се е можно. 20,45 часот на Арена 3 премиум.
Утре, среда земете пуканки и оправдание за дома. 18,45 на истиот канал Веспрем со само гол предност му гостува на Алборг, Лига на Шампиони, а во вечерниот термин, со иста предност Киелце оди кај европскиот шампион, Магдебург, Арена 2 премиум.
Ако Ви е преку глава од европската хипокризија, погледнете си ја домашната лига, дуел Пелистер Тиквеш. Рака на срце и тука се е јасно.
За во четврток предлагам полесна исхрана, една Македонска салата, две до три Бовин премиум ракиички и зеленчук на скара! Може и едно ладно пивце за вечерните часови, затоа што возбудувањата нема да застанат. Во лигата на шампионите дуел од 18,45 ч. Кил Монпелие, кој вреди да се прескокне поради разликата и поради дербито од 18,00 во култната Јане, помеѓу Вардар и забревтаниот Алкалоид. Не верувам дека германците ќе се предадат, но по играта од првиот дел не им давам многу шанси. И оној вториот дел од ЛШ е безнадежен, Барса го пречекува ПСЖ со огромна предност, но како натпревар за ладење, сигурно ќе има што да понуди.
Уф, доста е, кој сака врвен ракомет, нема да може да се пожали.
Да живее Македонија и Македонскиот народ. Во неделата се сеќававме на масакрот кај Вејце, за кој сеуште никој ниту се извини ниту одговараше !
Запомнете, злосторството никогаш не се заборава! Правдата кога тогаш ќе си дојде!