Бод голем ко Баба …

Воведните 5 минути, не, безмалку цел натпревар се борев со две дилеми. Дали недисциплината кај играчите или испуштените конци кај стручниот штаб се причина за очајот на теренот.

Па луѓе мои, Пелистер е димензиониран да го нападне Вардар, а не да губи од Кадетен 8 разлика во рана фаза.

Или еве да одиме чекор по чекор. Клучен фактор на лошата игра е ѕвездата број 1 Мандалиниќ. Од него сите очекуваме да биде страв и трепет, но никако во пет минути да продаде 5 топки. Во ситуацијата кога број 1 не е пристигнат на натпреварот, тешко е да се очекува дека тимот ќе одговори зрело.

Од страна гледано делува дека играњето спор ракомет поготово на гости треба да ти даде предност и да го направи домаќинот нервозен. Но Бабиќ постави спор ракомет со експресно губење на топката. Бековите се влечеа и тоа исклучиво кон центарот, а домаќините свежи и не наивни одлично затворија. Тие повеќето имаат искуство од германското првенство а и тренерот е од ракометна средина. И доколку нешто и поминеше за среќа на Кадетен, голманот ќе одбранеше.

Во нападот преспоро, лошо и некоординирано. Бројот на исклучувања во статистиката можеби ќе делува дека имало страшна борба, но факт е дека повеќето беа поради влечење за дрес, старт на шутерска рака или недисциплина !

Дека конците некој не ги влечеше како треба, еве неколку примери, Периќ под фаул лежи на теренот, за среќа досуден пенал, Бабиќ го праќа да го изведе пеналот. Човекот ни крив ни должен промашува. Секељи кој во неколку наврати покажа дека е квалитет, за 15-20 минути има само две интервенции, Бабиќ го остава цело полувреме а разликата расте. Марковски игра солидно во два правци, реализира во напад, Бабиќ веднаш го вади. Нововлезениот Граѓан кој патем е борец, но квалитетот под ниво на елитни такмичења прави неколку грешки во нападот. Обрадовиќ по пресечена топка на 9 секунди до крајот ја смирува транзицијата, па потоа шутира од центар, Бабиќ немо гледа…

Имам уште во нотесот забелешки но ќе завршам за него со последниот тајм аут. Човекот подготвува акција а незнае колку играчи има на располагање. Епа луѓе мои на Алушевски крвта му ја испивме за мнооогу помалку !

Еве несакав но, на почетокот на второто полувреме, кога конечно очекувавме некаква реакција од клупата не донесе ништо ново и разликата намалена на крајот на првото полувреме повторно порасна.

Кадетен малку се опушти па падна во темпото, пелистерци ја стегнаа одбраната. Можеби најдобриот потег на Бабиќ на натпреварот, а верувам веќе бил откажан па затоа така реагирал, беше ставањето во игра на Кизиќ, Велковски, Танковски, повеќе минути и за Куковски и Марковски. Во таква една констелација на повеќе борци на теренот, вклучувајќи го и Радовиќ, заигра Периќ па безмалку феноменално.

И тогаш Бабиќ рече, играме 7 на 6. И самиот помалку изненаден дека неговата екипа се врати. За да биде сепак по негово, иако не играше врвно но сепак прилично сигурно и искусно па и без грешка Велковски, тој го извади. Глеј чудо, младиот и талентиран десен бек Мараш беше изгубен, па со неколку глупави потези им дозволи на швајцарците да се одлепат.

Еден гол од аут, еден од сендвич, на Марковски, гол на Танковски, па и на Велковски, цепелин на Божиќ, бомба на Периќ, одбранет зицер на Кизиќ, непотребната нервоза и недисциплина на Куковски и Танковски, се сцениоте од крајот кој значеше бод.

Дека сепак главен виновник е стручниот штаб говори и ситуацијата кога германките, иако имаа неколку контроверзни одлуки, сепак на крајот ја толерираа недисципланата на Танковски недржејќи 3 метри растојание. Никој од клупата не го опомена па следеше казната.

Побурно од што во голем дел од натпреварот делуваше, со многу важен бод за понатаму заврши овој натпревар.

Верувам дека Бабиќ е голем познавач на ракометот, но или тој ги потценил Битола и Македонија или нешто друго “је посриједи”!

26.10.2021 Во ветената земја на многу наши сожители

Европска Лига на ЕХФ

Кадетен 28 Еурофарм Пелистер 28

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...