Главоболки за Лазаров или не ?

Фото РК Алкалоид

Од дуелот во кој на сите ни беше совршено јасно дека шансите се теоретски, сепак можеме да влечеме заклучоци и поуки.

Почнувам со ЕХФ. Тие дилетанти никако да се освестат. Статистиката која денеска е една од клучните алатки за правење приказни за нив сеуште е мислена именка. Па така на пример ние незнаеме каков е рејтингот на двете екипи, каде е Алаклоид во моментов. Дали имаме право да се лутиме или сепак да бидеме задоволни?

Алкалоид, е клучен проект во моментов за зачувување на Македонскиот ракомет. Имајќи впредвид во каква ситуација се двата наши гиганти Вардар и Пелистер, финансиски и играчки, иднината за Македонскиот ракомет и Македонските ракометари во моментов на плеќите на Фармацевтите. Со самото тоа и очекувањата се големи. Дали тој притисок ќе ги изгори момците и клупата или ќе создаде дијаманти, навистина треба да бидеме трпеливи и да ги исчекаме.

Туку ајде со ред, Алакалоид повеќе од сериозно си ја сфатиле задачата. Пресот со најмногу новинари и камери од времето на Шампионскиот Вардар, голем број членови од клубот, мала закуска и подарок за секој гостин. Браво, ем деловно ем џентлменски. Во панелите на Жика Богдановиќ, многу ведети од балканскиот ракометен свет, ја поделија иднината на клубовите во два правци, општествен и корпоративен. Алаклоид цврсто ја следи корпоративната приказна.

На сајтот на ЕХФ барајќи теми, ја најдов и следнава, РК Алаклоид со респектабилен стручен тим од 15 членови, сите во клубски бои и ведри и позитивни, (а пак овие данциве, мора да ги погледнете на следниов линк Тeam officials). Настанот во Јане со ситни забелешки на високо ниво, проблемот со кој ќе се соочуваат Фармацевтите е секако генерирање на публика. Но знаејќи ја нашата врела балканска нарав, со првата посериозна победа и публиката ќе се појави. Така беше впрочем и приказната со Металург кој од маалска екипа прерасна во Балканска атракција. Потребно е сепак време.

Самиот натпревар, убав, гледлив, почна жестоко во наша корист но како одминуваше времето некои мали ама значајни разлики го одлучија победникот. Па еве онака како што најмногу милувам ги нафрлам:

Алкалоид промаши 5 пенали, данциве само 1,

Нашите голманите имаа 12 интервенции од кои 11 Трајковски, данциве 21 ( дваесет и една ),

Нашиве имаа 2 исклучувања, гостите 6…

Некои мали а некои големи, но разлики, кои ја прават “разликата”.

Алаклоид е несомнено на добар пат, сите едноставно ќе треба да бидеме трпеливи. Очекуваме секако и некои прилагодувања, можеби малку поагресивна одбрана, или ќотек, повеќе топки за крило, поубоити шутеви од дистанца, помалку изгубени топки и побрзо враќање на паркетот на Петров и Митев.

Кон поразот на РК Алкалоид во Лигата на Европа

РК Алкалоид 23:31 Бјерингбро Силкеборг

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...